Горна Маала (Валовишко)

поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија

Горна Маала или Дере Маала (грчки: Ποταμοχώρι, Потамохори; до 1927 г. Δερέ Μαχαλέ, Дере Махале[1][2] или Δερέ Μαχαλά, Дере Махала[3][4]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено со Јуруци.[5]

Горна Маала
Ποταμοχώρι
Горна Маала is located in Грција
Горна Маала
Горна Маала
Местоположба во областа
Горна Маала во рамките на Синтика (општина)
Горна Маала
Местоположба на Горна Маала во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°23.14′N 23°16.3′E / 41.38567° СГШ; 23.2717° ИГД / 41.38567; 23.2717
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаПетрич
Надм. вис.&10000000000000330000000330 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало на најисточните падини на Беласица, источно од денешната грчко-бугарска граница. Лежело по горното течение на реката Тополница.[6]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

На крајот од XIX век селото било дел од селата Јуруклери во Петричката каза, во кои влегувале и Средна Маала (Орта Маала) и Долна Маала (Ашаја Маала).[5] Трите села понекогаш се сметале за едно, наречено Јурук Маало,[7] на македонски наречено и Тополник.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тополник (Topolnik) било село со 76 домаќинства на 190 жители муслимани.[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горна Махала било село во Петричката кааза со 140 жители, сите Турци.[9] Истовремено во Демирхисарската каза К’нчов посочува и село Топалник Дере со 420 жители Турци.[10]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Таа година населението броело 428 жители, а во 1920 г. во него е попишано 481лице.[5] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор неговото население, како муслиманско, е иселено во Турција, а на негово место се доведени грчки колонисти.[5]

Селото е евакуирано на 13 март 1941 г., малку пред германската инвазија, и населението е сместено во околните села, па дури и во други делови на Грција.[1] Селото се распаднало во април истата година со повлекувањето на грчката војска и доаѓањето на бугарската окупација. По војната тоа не е обновено поради својата гранична местоположба.[5] Отпишано е во 1951 г.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Διοικητικές Μεταβολές Οικισμών“. ΕΕΤΑΑ. Посетено на 13 декември 2022.
  2. Υπουργείο Εθνικής Οικονομίας - Διεύθυνση Στατιστικής (1921). Πληθυσμός του Βασιλείου της Ελλάδος κατά την Απογραφήν της 19 Δεκεμβρίου 1920 - Πραγματικός πληθυσμός (PDF). Αθήνα: Εθνικό Τυπογραφείο. стр. 282.
  3. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  4. Υπουργείο Εθνικής Οικονομίας - Διεύθυνση Στατιστικής (1915). Απαρίθμησις των Κατοίκων των Νέων Επαρχιών της Ελλάδος του Έτους 1913 (PDF). Αθήνα: Εθνικό Τυπογραφείο. стр. 48.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 192. ISBN 9989-9819-6-5.
  6. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  7. Влаховъ, Георги Д (1904). Карта България. Съставена по най-новитѣ карти на Сръбския, Българския и Руския Генерални Щабове съ допълнителни изменения на съобщенията по свѣдения, дадени отъ г. г. Окрѫж. Инженери, чрѣзъ Министерството на Обществ. Сгради и пр. Статистическитѣ свѣдения сѫ взети отъ Дирекцията на Статистиката по послѣднитѣ и нови прѣброявания. София: Лит. Рах. Нисимовъ & Иванъ Празе.
  8. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 188. ISBN 954430424X.
  10. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.