Хан Дере
Хан Дере или Хандере (грчки: Ξενόρρευμα, Ξενόρευμα, Ксеноревма или Ξενόρεμα, Ксенорема; до 1940 г. Χάν Ντερέ или Χαν Δερέ, Хан Дере[1][2]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено со Јуруци.[3]
Хан Дере Ξενόρρευμα | |
---|---|
Координати: 41°21.39′N 23°19.12′E / 41.35650° СГШ; 23.31867° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Петрич |
Надм. вис. | 210 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало на почетокот на Рупелската Клисура, на десниот брег на Струма.[3][4]
Историја
уредиНа крајот од XIX век Хан Дере било село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак населено со Турци Јуруци.[3]
За време на Втората балканска војна во 1913 г. селото е растурено.[3] Истото отсуствува од пописот од 1920 г. Обновено е во 1924 г. кога во него се доведени грчки колонисти. Во 1928 г. во него се попишани 50 лица.[3]
Во 1940 г. селото е преименувано во Ксинорема. Истата година во него се попишани 80 лица, од кои 56 мажи, што укажува на тоа дека тука била сместена воена единица.[3] Селото настрадало во 1941 г. за време на Втората светска војна и било повторно напуштено. По војната обновата на селото не била дозволена од стратешки причини бидејќи лежи на границата.[3] Отпишано е во 1951 г.
Во 1968 г. месноста е повторно преименувана, овојпат во Анапавтирон (Άναπαυτήριον).[5]
Наводи
уреди- ↑ „Διοικητικές Μεταβολές Οικισμών - Ξυνόρρευμα (Σερρών)“. Ελληνική Εταιρεία Τοπικής Ανάπτυξης και Αυτοδιοίκησης (ΕΕΤΑΑ). Посетено на 2022-12-13.
- ↑ Ανατ. Μακεδονία - Χωροταξικός χάρτης 1:200.000 (PDF). Υπουργείον Οικισμού & Ανοικοδομήσεως. 1950 [1943-1946]. Посетено на 2022-12-21.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 210–211. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1045. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)