Сребрените снегови (роман)
„Сребрените снегови“ — роман за деца и младинци од македонскиот писател Живко Чинго од 1966 година.
ISBN | 9989-30-456-6 Параметарска грешка во {{ISBN}}: Неважечки ISBN. |
---|
Издание на „Детска радост“ од 2004 година
уредиКнигата, објавена од Редакцијата „Детска радост“ при издавачката куќа „Просветно дело“ АД Скопје, како дел од библиотеката „Лектирни изданија“, има обем од 180 страници. Таа е испечатена во печатницата „Коста Абраш“ од Охрид, во формат од 20 сантиметри, со мек повез. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-456-6. Дизајнот и графичкото уредување се дело на Жарко Туниќ, а лектурата и коректурата ги извршила Оливера Ќорвезироска.[1]
Содржина
уредиКнигата содржи 26 глави:[2]
- Нешто околу тоа чудо черешновиот лист, доаѓањето на Ген
- Не суди веднаш и брзо за сè; барем малку стрпи се, таков е овој свет!
- Вообразба или вистина, сеедно, тоа светло го видов! Затвори ги очите и ќе видиш сè
- Сеќавањата се болна работа но најважно било да останеш здрав и жив
- Средба со Август Сон
- Чудните сонца на Ген, да пукнеш од смеа
- Прва задача - како да се разбуди училишниот прислужник стрико Мартин од длабокиот сон, а снег сè уште немаше паднато
- Назад со празни кофи
- Сите стојат на глава
- Не како што е во соништата, туку како што беше во животот, пријателе
- По куќите
- „Молам, да те заколам!“
- Училиштето на стрико Јаким Перески
- Не сум писмен, олку сум писмен, училиштето на стрико Богдан Кузески
- Конзулското училиште на стрико Брак
- Пчеларникот на стрико Лефтер
- Во Етриевата куќа
- Сребрените снегови
- Сребрените снегови (продолжение)
- Несреќа
- Чудниот господин Лопушин, песната за птицата
- Смртта на Етриевата мајка
- Разказ за девојчето од ридот
- Љубов наградена со љубов, такви се децата
- Сонцето се раѓа, доаѓањето на пролетта во долината
- Последното утро
На крајот од книгата е поместена белешка за делото и за авторот, со наслов „За ‘Сребрените снегови’ од Живко Чинго“, од Видое Подгорец.
Во романот се опишува доаѓањето на младата учителка Генка Илиеска во едно село, во кое одамна владее омраза меѓу жителите од горното и долното маало и каде луѓето со векови си живеат на свој начин, со закоравени верувања и убедувања. Поради тоа, селаните со недоверба ја дочекуваат Генка и пред неа поставуваат најразлични пречки, но таа не знае за страв и колебање. Постепено, со својата посветеност и топлина во срцето, таа почнува да ги менува селаните и ја здобива довербата на двете маала, помагајќи им на сиромашните, болните и немоќните.[3]
Наводи
уреди- ↑ Живко Чинго, Сребрените снегови. Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004.
- ↑ Живко Чинго, Сребрените снегови. Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004.
- ↑ Видое Подгорец, „За ‘Сребрените снегови’ од Живко Чинго“, во: Живко Чинго, Сребрените снегови. Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 174-175.