Споменик на Президиумот на АСНОМ

Споменик на Президиумот на АСНОМ — споменик во Паркот на жените борци во Скопје посветен на учесниците на Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчињски. Подигнат е на 13 март 2012 година . како дел од проектот „ Скопје 2014“. Автор на споменикот е вајарот Слободан Милошевски.

Споменик на Президиумот на АСНОМ.

Историска позадина

уреди

Првото заседание на АСНОМ се одржало на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчињски. На седницата биле усвоени обележјата со кои АСНОМ бил прогласен за врховен законодавен и извршен претставнички орган и највисок орган на државната власт во демократска Македонија, се вовел македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава, Илиндан бил прогласен за национален и државен празник во македонската држава, биле прифатени одлуките на Второто заседание на АВНОЈ и ја одобри работата на ГШ на НОВ и вооружените сили на Македонија. На крајот на седницата бил избран Президиумот (Претседателството) на АСНОМ. Претседателството се состоело од претседател, двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. Основањето и работењето на АСНОМ го одбележало конституирањето на првата македонска држава со сите признати права на нејзините граѓани, донесени на нејзините заседанија. АСНОМ на третото заседание прерасна во Народно собрание на Македонија.

Членови на Президиумот на АСНОМ биле Методија Андонов-Ченто (претседател), Панко Брашнаров и Емануел ЧуЧков (потпретседатели), Љупчо Арсов и Владимир Полежиноски (секретари), Венко Марковски, Цветко Узуновски, Благоја Фотев, Михајло Апостолски Страхил Гигов, Петре Пирузе, Кирил Петрушев, Јован Горгов, Епоминонда поп Андонов, Камбер Хасан, Ацо Петровски, Младен Георгиев и Лилјана Чаловска.

Опис на споменикот

уреди

Композицијата на споменикот се состои од 10 бронзени скулптури на делегатите на седницата, од кои три седат (висина 3,2 м) и 7 стојат (4 м). Панко Брашнаров (зад подиумот), Кирил Петрушев и Емануел ЧуЧков (се ракуваат), Тихомир Милошевски, Тодор Стојанов, Киро Глигоров и Веселинка Малинска стојат, додека Бане Андрејев, Методија Андонов-Ченто и Михајло Апостолски седат.

Скулптурите се поставени на правоаголен постамент, висок 1,9 m, обложен со мермер и со 10 бронзени релјефи. На релјефите се прикажани мотивите на собирот на делегатите за Првата седница и сцените од седницата.

Трошоците за изработка на споменикот биле 1,9 милиони евра.

Галерија

уреди

Наводи

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди