Список на риби во Охридско Езеро

Охридско Езеро е дом на седумнаесет домородни видови риби, од кои најголем број се ендемски за Охридското Езеро и за сливните подрачја поврзани со него (Охридско Езеро - Црн Дрим - Скадарско Езеро. Едни од нив се и охридска пастрмка и белвица, кои освен како ендемски видови со големо научно значење, имаат и висока комерцијална вредност. Покрај тоа, во езерото се присутни и шест алохтони видови, кои се воведени во езерото, намерно или преку невнимание [1]

Историјат

уреди

Охридско Езеро се наоѓа на Западен Балкан и се смета за античко езеро,во кое живеат голем број реликтни и ендемски видови, меѓу кои има и 23 видови риби. Поради природните и културните вредности, Охридското Езеро и градот Охрид биле прогласени за природни и културни места за светско наследство од страна на УНЕСКО во 1979 и 1980 година.

Охридското Езеро е со тектонско потекло и има проценета старост од околу два до три милиони години, па се смета за најстарото езеро во Европа. Неговата сливна површина (во комбинација со Преспанско Езеро) опфаќа околу 2.600 км2 , а површината на езерото е околу 358 км2. Охридското Езеро се храни првенствено со изворска вода од двете главни површински извори на јужните брегови: Свети Наум во Р Македонија и Тушемиште во Р.Албанија.

Покрај тоа, постојат бројни под-лакустрински (подводни) извори, кои се наоѓаат на источниот и западниот брег. Водата на јужната (и источна) површина и подводните извори потекнува од блиското Преспанско Езеро. Четирите постојани притоки се реките: Черава, Велгошка, Коселска и Сатеска. Тие влијаат на водената рамнотежа на езерото во мал степен (главно кон крајот на пролетта или во време на обилни врнежи од дожд). Исто така во езерото влегуваат околу 40 привремени потоци и сливови. На нејзиниот северен брег, Охридското Езеро се излива преку реката Црн Дрим во Јадранско Море. Забележителна одлика на Охридското Езеро е неговата голема длабочина од околу 289 m; Во однос на оптоварувањето со хранливи материи, водата се категоризира како олиготрофна, нема аноксични слоеви во водениот столб, па дури и во најдлабокиот дел на езерото, нивото на кислород никогаш не се спушта под 6 мг / л. Покрај тоа, водата е исклучително чиста со провидност до длабочина од дури 20 метри.

Три града се наоѓаат околу езерото, два во Р Македонија, Охрид и Струга и Поградец во Р.Албанија. Заедно со жителите на помалите села, околу 150.000 луѓе живеат околу езерото. Покрај тоа, неколку илјади туристи секоја година го посетуваат езерото и околината.[2]

Флора и фауна

уреди

Античкото Охридско Езеро, најстарото постојно езеро во Европа, е олиготрофен воден базен сместен во Западен Балкан и го делат крајбрежните земји Албанија и Македонија. Неговата големина, географската изолација, длабочината, квалитетот на водата и долгата геолошка историја обезбедиле одлични предуслови за развој на разновидна и уникатна фауна и флора. Многу животински и растителни видови кои живеат во Охридско Езеро се ендемски за овој локалитет или регион. Охридското Езеро со право го носи епитетот „музеј во кој живеат фосили“. Фауната и флората го прават ова езеро да биде вредно природно богатство со европско и глобално значење.[3]

Тековната состојба

уреди

Рибните популации во езерото, сепак, се различни во однос на минатото, бидејќи рибите се изложени на повеќекратни стресни состојби, како што се: загадување на животната средина и деградација на живеалиштата, неодржлив риболов, инвазивни видови и друго.[3]

Табела

уреди

Рибни видови во Охридско Езеро

уреди
семејство вид латинско име англиско/македонско име
Cyprinidae(Циприниди) native fish ( домороден вид ) Alburnoides ohridanus Ohrid spirlin Охридска гомнушка
Cyprinidae(Циприниди) native fish ( домороден вид ) Alburnus scoranza Bleak Охридска плашица
Cyprinidae(Циприниди) native fish ( домороден вид ) Barbus rebeli Barbel Охридска мрена Црна мрена
Cyprinidae(Циприниди) alien, 1983 (туѓа) Carassius gibelio Prussian carp Карас
Cyprinidae(Циприниди) native fish ( домороден вид ) Chondrostoma ohridanus Ohrid nase Охридски скобуст
Cyprinidae(Циприниди) native fish ( домороден вид ) Cyprinus carpio Carp Крап
Cyprinidae(Циприниди) native fish ( домороден вид ) Gobio ohridanus Ohrid gudgeon Охридски мренец (Дујак)
Cyprinidae(Циприниди) native fish ( домороден вид ) Pachychilon pictum Moranec Моранец
Cyprinidae(Циприниди) native fish ( домороден вид ) ) Pelasgus minutus Ohrid minnow Охридско грунче
Cyprinidae(Циприниди) native fish ( домороден вид ) Phoxinus lumaireul Minnow Пиор
Cyprinidae (Циприниди) alien, 1970`s (туѓа) Pseudorasbora parva Stone moroko Амурче
Cyprinidae (Циприниди) alien, 1990`s (туѓа) Rhodeus amarus Bitterling Платиче
Cyprinidae (Циприниди) native fish ( домороден вид ) Rutilus ohridanus Ohrid roach Охридски грунец
Cyprinidae (Циприниди) native fish ( домороден вид ) Scardinius knezevici Rudd Писа
Cyprinidae (Циприниди) native fish ( домороден вид ) Squalius squalus Ohrid chub Охридски клен
Salmonidae (Салмониди) alien, 1974 (туѓа) Oncorhynchus mykiss Rainbow trout Калифорниска пастрмка
Salmonidae (Салмониди) native fish ( домороден вид ) ) Salmo letnica Ohrid trout Охридска пастрмка
Salmonidae (Салмониди) native fish ( домороден вид ) Salmo ohridanus Ohrid belvica Охридска белвица
Anguillidae native fish ( домороден вид ) Anguilla European eel Јагула
Centrarchidae alien, 1990`s (туѓа) Lepomis gibbosus Pumpkinseed Сончарка
Cobitidae native fish ( домороден вид ) ) Cobitis ohridana Spined loach Охридска штипалка
Nemacheilidae native fish ( домороден вид ) ) Barbatula sturanyi Stone loach Охридски камнар
Poeciliidae alien, 1940`s (туѓа) Gambusia holbrooki Mosquitofish Гомбузија

Галерија

уреди

Наводи

уреди