Охридска штипалка
Охридската штипалка (Cobitis ohridana) — вид на риба зракоперка. Рибата ја само во Македонија, Албанија и Црна Гора.[1] За оваа риба долго време се верувало дека е дел од широко распространетата обична штипалка.[2]
Охридска штипалка | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Cobitis |
Вид: | Охридска штипалка |
Научен назив | |
Cobitis ohridana Станко Караман, 1928 | |
Синоними | |
Cobitis taenia ohridana Karaman, 1928 |
Кладистичката анализа на податоците за редоследот на ДНК (nDNA RAG-1 и S7 рибозомна белковина интрон 1, и mtDNA цитохром б) потврдува дека таа правилно се третира како целосен вид. Нејзиниот најблизок роднина може да биде Занандреева штипалка (Cobitis zanandreai) од езерото Фонди и неговата околина во централна Италија. Во тој случај, овие видови се разделиле веројатно пред околу 6 милиони години во доцниот миоцен, можеби за време на раната месинска криза на соленост. Алтернативно, овие може едноставно да се независно изведени од заеднички предок во текот на овие настани, но веројатно нешто порано, и да се појават слични на молекуларно ниво поради конвергентна еволуција.[3]
Нејзините природни живеалишта се Охридското Езеро и Скадарското Езеро, и соседните сливови на реката Дрим и реката Морача. Тој е обилен вид во својот опсег и не се смета за загрозен.[1]
Опис и распространетост
уредиОхридската штипалката (Јагулче) припаѓа на семејството на Cobitidae. Штипалката има издолжено тело, од страните сплескано и покриено со многу ситни лушпи. И главата е странично сплескана со очикои се поставени високо на главата. Карактеристично за штипалката е што под секое око има еден трновиден израсток со два израстока. Штипалката има долна уста со дебели, меснати усни. Има три парана мустаќи, два се на врвот на рилото и еден во аглите на устата. Предните ноздрви се издолжени во вид на куси цевчиња. Бојата на телото е од темо жолта на грбот, до светложолта на страните и стомачниот дел. Телото странично има низа од 10 до 20 крупни, темносиви до црнобраон флеки кои се често континуирани поредени па се добива впечаток дека се во вид на широка лента. Над нив се наоѓаат поситни, неправилни пеги, што исто така формираат надолжна линија. Грбната, опашната и аналната перка се право засечени и на истите има темни пеги во повеќе редови. Охридската штипалка живее во Охридско Езеро како и во реката Црн Дрим со притоките.[4]
Основни биолошки одлики
уредиПолова зрелост кај охридската штипалката настапува во втората, односно третата година од животот, при должина од 5 до 8 см. Се мрести во пролет и лето, од април до јули. Икрата ја положува на растенија, корени или на песок. Плодноста е релативно голема и изнесува 100.000 до 150.000 јајца. Штипалката е риба со мали димензии. Достигнува максимална должина до 15 см. обично е долга 6 до 8 см. Животниот век и е до 10 години. Живее во чисти и мирни води, истечни или во крајбержниот регион на езерата. Лесно и често се вкопува во песокот а понекогаш се завлекува помеѓу водните растенија. Ларвите на штипалката се хранат со ситни ракчиња, а возрасните со нив и со разни други мали животни од дното, односно со органски одпадоци. Во потрага по нив зема песок во устата, од него ги изолира органските честички, а песокот го исфрла низ жабрите. Овој вид има „санитарна” функција во екосистемите во кои живее во смисла подобрување на квалитетот на водата преку консумирање на органскиот отпад како нејзина храна.[4]
Значење
уредиНема никакво значење од аспект на рекреативен и стопански риболов.[4]
Наводи
уредиЛитература
уреди- Crivelli, A.J. (2005). „Cobitis ohridana“. Црвен список на загрозени видови. 2005. Посетено на 19 July 2007.CS1-одржување: ref=harv (link)
- FishBase (2008): Cobitis species[мртва врска]. Version of 2008-MAY-03. Retrieved 2008-AUG-15.
- Perdices, Anabel; Bohlen, Jörg & Doadrio, Ignacio (2008): The molecular diversity of adriatic spined loaches (Teleostei, Cobitidae). Mol. Phylogenet. Evol. 46(1): 382–390. doi:10.1016/j.ympev.2007.05.007 (HTML abstract)