Охридска мрена

(Пренасочено од Црна мрена)
Охридска мрена
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Actinopterygii
Ред: Cypriniformes
Семејство: Cyprinidae
Род: Barbus
Вид: B. rebeli
Научен назив
Barbus rebeli

Охридска мрена или црна мрена (Barbus rebeli) — вид риба од семејството крапови. Пронајдена е од Дрим до реката Војуша.[2]

Таа е ендемска слатководна риба што живее во Охридско Езеро.

Опис и градба

уреди

Охридската мрена се разликува од другите видови риби од родот Barbus и Luciobarbus кои живеат на Балканскиот Полуостров по следниве одлики: последниот зрак на грбната перка е слаб, постериорно несеризиран; 7-9 лушпи распоредени помеѓу страничната линија и карлицата; 10-12 лушпи помеѓу страничната линија и основата на грбната перка;на главата, трупот и перките има бројни мали црни точки кои се поголеми и потемни на грбот; 47-53+2-3 разгранети анални зраци; долна усна со мал средно поставен лобус; едноставен карличен зрак околу вториот разгранет зрак; задната директна грбна маргина малку конкавна;

Охридската мрена достигнува големина до 250 мм.[3]

Живеалиште и распространетост

уреди

Охридската мрена живее во Јадранскиот слив, од реките Црн Дрим до Војуша (Вјоса), во сливовите на Скадарско Езеро и Охридско Езеро (Црна Гора, Албанија, Грција и Македонија).

Живее во езера и реки, претпочита предели со чиста вода. Распространета е локално во изобилство, но во многу малите потоци кои се сушат, популациите се многу фрагментирани и потенцијално загрозени. Популациите во албанскиот дел се смета дека се загрозени од прекумерно рибарење.

Размножување

уреди

Периодот на мрестење на оваа риба трае релативно подолго. Трае од мај до август, кога температурата на водата варира од 19 °C до 25 °C. Репродуктивно зрелите единки ги положуваат своите јајца литорално на длабочина од 1 до 4 метри. Тие се мрестат на камени места со чакал и песок под нив. Нивните места за мрестење се со пречник од приближно 0,5 м. Во некои случаи, некои се пронајдени на покриени места со Chara, но лесно се забележуваат поради нивната бела боја. Над местата за мрестење може да се најдат групи од 2-3 или повеќе риби, меѓу кои една или две се женки, кои се препознаваат по тоа што се поголеми од мажјаците. За време на периодот на мрестење, бојата на зрелите единки станува поинтензивна. Тоа е најизразено на долниот дел од телото, каде белузлавата боја е покриена со бледо-жолта нијанса. Ова се случува зашто бројот на ксантофорите е поголем. На телото, особено по дорзалната страна, се наоѓаат голем број мали и белузлави епителни конвекси, кои се особено многубројни околу мозокот и нарците.

По положувањето и оплодувањето на јајцата, тие паѓаат на подлогата, се тркалаат меѓу камењата, затоа што не се глутинирани, и паѓаат на песокот преку чакалот. На овој начин, јајцата се заштитени од другите циприниди. Тие, исто така, имаат ихтиотоксин кој ги брани од потенцијалните грабливци.

По испуштањето на јајцето во вода, водата продира во него и тоа набабрува. Како резултат на ова, перивителинскиот простор се формира помеѓу мембраната и витилусот, кои немаат пристапност од овој момент. За време наовој период, пречникот на мембраната е 2,11 мм, а на витилусот 1,54 мм. И мембраната и виталусот се кружни. Вителусот е позициониран во центарот на надворешната мембрана. Има жолта боја, со 2-3 изразени капки и неколку мали, масни капки.

Надворешната мембрана на јајцето е тенка и транспарентна со леплив слој. Поради својата транспарентност, промените во јајцето можат лесно да се забележат преку неa. Поради високата температура (18,8°-21,0 °C), браздењето се изведува брзо.Еден час по оплодувањето се создаваат животните и вегетативните полови се оформени,а кратко време после тоа се појавуваат првите две бластомери.

Наводи

уреди
  1. Freyhof, J. & Kottelat, M. (2008). Alburnus scoranza. The IUCN Red List of Threatened Species. IUCN. 2008: e.T135595A4156215. doi:10.2305/IUCN.UK.2008.RLTS.T135595A4156215.en. Посетено на 13 January 2018.
  2. Фрез, Рене и Поли, Даниел, уред. (2016). "Barbus rebeli"FishBase. February 2016 г.
  3. Točko M. 1987 Development and nutrition of the young cyprinids of Lake Ohrid part I- Special Edition 3 Hydrobiological Institute - Ohrid Развиток и исхрана на младиците на ципринидите од Охридското Езеро