Моранец
Моранец (Pachychilon pictum) — еден од ретките видови риби циприниди, наречен така зашто бил пронајден во Албанија, Франција, Грција, Италија, Северна Македонија и Србија и Црна Гора . Нејзините природни живеалишта се реките и слатководните езера . Загрозена е загуба на живеалиштата .[1]
Опис и распространетост
уредиМоранецот припаѓа на семејството Cyprinidae. Има вретенесто тело со мала грпка која се издига ведаш зад завршетокот на главата. Телото од горната страна е со зеленкасто маслинеста боја, од страните преоѓа кон сребрено бела, а стомакот е изразито бел. Телото му е прекриено со лушпи. Карактеристично за моранецот се црните неправилни пеги од страните на телото, по кои најлесно се препознава. Има малечка глава и крупни очи. Устата е мала, месната и се извлекува према долу. За оваа риба порано се мислеше дека е ендемичен вид за водите од Охридското Езеро, реката Црн Дрим, Скадарското Езеро и притоките на истите, но последните истражувања покажуваат дека се среќава во сите реки во Албанија кои се влеваат во Јадранското Море. Моранецот е внесен и во водите на Мавровско Езеро и Крушевско Езеро.[2]
Основни биолошки одлики
уредиМоранецот полово созрева на возраст од три до четири години. Во популацијата на моранецот 3/4 се женки и 1/4 машки единки. Мрестот започнува од крајот на месец април, најитензивен е во јуни и завршува при крајот на месец јули. Женката икрата ја полага на бујна макрофитска вегетација. Икрата е со жолтопортокалова боја и е со леплив слој. Просечна големина на икрата е околу 1 мм. Плодноста на женката изнесува од 3.000 до 30.000 зрна икра. Бројот и големината на икрата е во зависност од возраста и ухранетоста и големината на женските единки. Моранецот е риба со мали димензии и спаѓа во ситните риби. Може да достигне максимална должина до 20 см и максимална тежина до 100 грама. Животниот век на моранецот е до 10 години. Моранецот живее во поголеми или помали јата, на дно прекриено со покрупна песок, чакал и со камен каде има развој на макрофитска вегетација. Моранецот се храни со животинска и растителна храна. Двете компоненти приближно подеднакво се застапени во исхраната. Во животинска компонента припаѓаат ларви од инсекти и други животински организми кои живеат во водата, а во растителна компонента припаѓаат алгите и макрофитската вегетација.[2]
Значење
уредиМоранецот има бело месо кое е доста вкусно и нема ситни коски. Поради малата густина на популацијата во езерото, моранецот нема значење од аспект на рекреативен и стопански риболов.[2]
Наводи
уреди- ↑ Crivelli, A.J. 2005. Pachychilon pictum. 2006 IUCN Rede List of Threatened Species. Downloaded on 19 July 2007
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Службен весник на Р.М. бр.145 2011 година