Охридски камнар
Охридски камнар (Barbatula sturanyi) — вид риби зракоперка од родот Барбатула. Живее во Охридско Езеро.
Охридски камнар | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Barbatula |
Вид: | Охридски камнар |
Научен назив | |
Barbatula sturanyi (Steindachner, 1892) |
Опис и распространетост
уредиКамнарот припаѓа на семејството Nemacheilidae. Камнарот има вретенесто издолжено тело, покриено со ситни, всадени лушпи. Телото до грбната перка е цилиндрично, а кон опашката благо странично сплескано. Главата е широка и дорзовентрално сплескана, додека очите се дорзално поставени. Устата е долна и на горната усна има шест мустаќи, четири на рилото и два во аглите на устата. Предниот носен отвор е цевчест. Бојата на телото зависи од местото на живеење. Обично грбот и страните на телото се сиви до сивокафени, по страните се сместени мраморести шари во вид на темнокафени петни. Стомакот е светложолтеникав до бел. Задната ивица на опашната перка е рамно засечена. По грбната, опашната и градните перки има повеќе реда на темни пеги. Пегите отсуствуваат на стомачните и аналната перка. Охридскиот камнар го населува Охридското Езеро и реката Црн Дрим со притоките.[1]
Основни биолошки одлики
уредиОхридскиот камнар полово созрева во втората до третата година од животот. Во периодот на мрестењето, кај полово зрелите мажјаци и женки, по телото и внатрешната страна на стомачните перки се јавуваат епителијални брунки. Се мрести во пролет, април и мај, ретко во март. Икрата ја положува на песок и камења. Плодноста на женката изнесува до 6.000 јајца со пречник од 1 до 1,5 мм. Мрестењето е порционо. Охридскиот камнар достигнива максимална дожина од 10 до 12 см. Животниот век и е до 8 години. Охридскиот камнар претставува риба од дното на чистите и бистри води. Живее на каменито и чакалесто дно, каде се крие под камењата. Младите се групираат во помали јата, додека возрасните живеат единечно. Се храни со ситни животинки од дното. Возрасните се хранат со разни без’рбетници и со икра од други риби.[1]
Значење
уредиНема никакво значење од аспект на рекреативен и стопански риболов.[1]
Наводи
уреди- Фрез, Рене и Поли, Даниел, уред. (2006). "Barbatula sturanyi" — FishBase. април 2006 г.