Охридско грунче
Охридско мало грунче (латински: Pelasgus minutus) (Karaman, 1924) [2] е вид риба зракоперка, од семејството крапови. Го има во Албанија и Македонија. Неговите природни живеалишта се реки и слатководни езера. Загрозена е поради загуба на живеалиштата.
Охридско грунче | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Pelasgus |
Вид: | Охридско грунче |
Научен назив | |
Pelasgus minutus (S. L. Karaman, 1924) | |
Синоними | |
Paraphoxinus minutus S. L. Karaman, 1924 |
Опис и распространетост
уредиОхридското мало грунче е најмалиот претставник на автохтоната рибна популација во Охридско Езеро. Телото е издолжено, долго 5-6 см. Устата е мала, поставена косо речиси под агол од 45 степени. Долната вилица е подолга од горната и е исфрлена нанапред. Има голем број на многу ситни лушпи. Телото на горната страна е темно обоено, додека стомачната е посветла.[2]
Основни биолошки одлики
уредиЕкологијата на овој вид мне е доволно проучена. Се мрести во пролетно летниот период од месец мај до месец јуни.[2]
Значење
уредиОхридското мало грунче нема стопанско значење нити за стопански ниту за рекреативен риболов. Има големо значење и тоа во областа на еволуцијата и зоогеографијата на рибите на Балкански Полуостров.[2]
Наводи
уреди- ↑ Crivelli, A.J. (2006). „Pelasgus minutus“. Црвен список на загрозени видови. 2006: e.T61193A12441274. doi:10.2305/IUCN.UK.2006.RLTS.T61193A12441274.en.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Службен весник на Р.М. бр.145 2011 година