Охридска гомнушка
Охридска гомнушка | |
---|---|
VU D2
| |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Actinopterygii |
Ред: | Cypriniformes |
Семејство: | Cyprinidae |
Род: | Alburnoides |
Вид: | A. ohridanus |
Научен назив | |
A. ohridanus |
Охридска гомнушка (Alburnoides ohridanus (Karaman, 1928) - Ohrid spirlin) — ендемска слатководна риба што живее во Охридското Езеро.
Опис и градба
уредиОд другите видови од родот Alburnoides во Европа се разликува по: обележана конкавност на тилот, јасно превртена уста, 11½ разгранети анални зраци, 42-44+ 2-3 лушпи по страничната линија, должина на муцката еднаква на пречникот на очите, меѓуорбитално растојание еднакво на пречникот на очите.
Достигнува должина до 90 мм.[1]
Живеалиште и распространетост
уредиОхридската гомнушка е распространета во Охридско Езеро, Р Македонија и Р.Албанија. Живеалиштето ѝ е подолжината на езерскиот брег.
Размножување
уредиОхридската гомнушка почнува да се мрести од втората половина на мај и завршува во првата половина од август. Во текот на овој период, во плитките литорални делови на езерото, температурата на водата се движи од 18 до 24 Целзиусови степени. За време на периодот на мрестење, некои поединци можат да се окарактеризираат со секундарни сексуални одлики. Така, нивната маслинеста боја на вентралната страна станува бледо-жолта. На главата и на телото им се појавуваат мали тркалезни бели епителни конвекси, кои им се поголеми на главата. Тие исчезнуваат по завршување на репродуктивните активности.
Охридската гомнушка е литофилна риба која се мрести во групи од околу 10-15, а ретко 50-60 единки, од кои само неколку се женки. Женките се поголеми. Рибите се мрестат во близина на големи карпи, т.е. ги ослободуваат своите јајца во празнините близу до површината на водата. Тие минуваат низ празнините и се фаќаат на површината на карпите со нивната вентрална страна. После оплодувањето, јајцата паѓаат во празнините или се лепат на чистите подлоги без алги. Така, јајцата се заштитени и од силните ветришта кои се прилично силни на овие места, како и од други ципринидни риби како грунецот, моранецот, кленот и мрената кои опортунистички можат да ги искористат во исхраната.
Јајцата на оваа риба имаат густа и нетранспарентна надворешна мембрана, покриена однадвор со силно леплив слој. По падот на јајцата во вода, надворешната мембрана се одвојува од јајцето и се формира перивителинскиот простор. После процесот на соголување и гаструлација, со затворање на бластопорот, првите неколку миомери се појавуваат на средина на ембрионот. Во текот на вториот ден, бројот на миомерибрзо се зголемува, приближно 20 или повеќе, а очитe се рамни и се појавуваат во пределот на главата.
Во исто време, преaналните делови на кожата се шират само по должината на медио-вентралната линија на задниот долг дел на витeлусот и се пократки од постаналните делови на кожата. Очите се рамни,скоро заоблени и имаат голем број меланофори. Помеѓу очите и првиот дорзален миомер, отичните капсули почнуваат да се појавуваат со елипсовидна форма. На предниот дел на витилусот се појавува срцето, кое е во ролна. Регионот на опашката е ослободен од вителусот и го придвижува ембрионот во перивителинскиот простор, зголемувајќи ја аерацијата околу него.
Нејзиниот статус на конзервација (зачувување) е VU D2.[2]
Наводи
уреди- ↑ [Točko M. 1987 Development and nutrition of the young cyprinids of Lake Ohrid part I- Special Edition 3 Hydrobiological Institute - Ohrid/ Развиток и исхрана на младиците на ципринидите од Охридското Езеро]
- ↑ Kottelat M. and Freyhof J. 2007. Handbook of Europen Freshwater Fishes. Kottelat, Cornol, Switzerland and Freyhof, Berlin, Germany