Охридски грунец
Охридски грунец (Rutilus ohridanus) е вид на роуч, мала слатководна риба од семејството Циприниди . Тој е ендемичен на две големи езера на Балканот : Охридското Езеро во Албанија и Северна Македонија и Скадарско Езеро во Албанија и Црна Гора . Не е поголем од 13 см. во должина. Ова е риба во изобилство и не е под закана.[1]
Опис и распространетост
уредиОхридскиот грунец припаѓа на семејството Cyprinidae. Телото на грунецот е вретенесто, странично сплескано, со мала грпка. Бојата на грбот е од маслинасто зелена до темнокафеава, што зависи од подлогата на дното каде што живее. Страничните делови на телото се посветли од бојата на грбот, а стомачниот дел е сребрено бел. Главата на охридскиот грунец е голема со крупни очи и заоблена уста. Грбната перка се наоѓа на средината на телото во линија со стомачните перки. Грбната и опашната перка имаат поинтензивна сивкаста боја, додека градните и стомачните перки како и подопашната перка имаат нијанси на жолтеникава боја. За време на мрестењето градните и стомачните перки како и подопашната перка кај машките единки добиваат слабо црвена боја. Охридскиот грунец е ендемичен за Охридско Езер, реката Црн Дрим и [[Скадарско Езеро]], како и притоките на овој воден екосистем. Во Република Македонија природно ги населува водите на Охридско Езер и Преспанско Езеро и реката Црн Дрим.[2]
Основни биолошки одлики
уредиОхридскиот грунец полово созрева во втората година. Се мрести при крајот на мај и цел јуни, во неколку наврати, порционо. Икрата е со жолтеникава боја и ма подебел леплив слој. Просечна големина на икрата е околу 1 мм. Полово зрелите единки икрата ја полага во крајбрежниот дел, претежно на места со макрофитска вегетација. Охридскиот грунец е риба со мали димензии и спаѓа во ситните риби. Може да достигне должина до 15 см. и тежина до 50 грама. Поголеми единки во Охридското Езеро се доста ретки. Охридскиот грунец живее во предели со песокливо или чакалесто дно кое е богата со вегетација. Живее во јата при дното, каде ја бара храната. Во периодот пред мрестењето се групира во големи јата. За грунецот може да се каже дека е сештојад. Јаде сè на што ќе наиде, мали школки, ракчиња, ларви, инсекти, мекотели, икра од друга риба, алги како и други водени растенија.[2]
Значење
уредиМесото на охридскиот грунец е вкусно но слабо е барано. Во Охридското Езеро се ловат помали количини за пазар, но не е ценета поради тоа што има коски како и поради тоа што има релативно мали димензии.[2]
Наводи
уреди- ↑ Crivelli, A.J. 2005. Rutilus ohridanus Архивирано на 31 март 2007 г.. 2006 IUCN Red List of Threatened Species. Downloaded on 19 July 2007
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Службен весник на Р.М. бр.145 2011 година