Хекимоглу Али-паша

Хекимоглу Али-паша (османски турски: نوشہرلی داماد ابراہیم پاشا — османлиски државник, кој бил Голем везир на Отоманското Царство во три наврати, во времето на османлискиот султан Осман III и Махмуд I.

Хекимоглу
Али
Паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
15 февруари 1755 – 18 мај 1755
Монарх Осман III
Претходник Ќосе Бахир Мустафа-паша
Наследник Наили Абдула-паша
На должноста
21 април 1742 – 23 септември 1743
Монарх Махмуд I
Претходник Нишанџи Мехмед-паша
Наследник Сеид Хасан-паша
На должноста
12 март 1732 – 12 август 1735
Монарх Махмуд I
Претходник Топал Осман-паша
Наследник Ѓурчу Исмаил-паша [tr]
Отомански управител на Египет
На должноста
1756–1757
Претходник Балтаџи Мустафа-паша
Наследник Садедин-паша ел-Азм
На должноста
1740–1741
Претходник Сулејман-паша ел-Азм
Наследник Хатибзаде Јахја-паша
Лични податоци
Роден(а) 1689
Цариград, Отоманско Царство
Починал(а) 13 август 1758
Ќутахија, Отоманско Царство
Националност Отоман
Роднини Хатибзаде Јахја-паша (посинок)
Вероисповед ислам
Потекло Венеција
Воена служба
Припадност  Османлиско Царство
Траење 1722–55
Чин Серда (командир; 1732–33, 1742–43, 1755)
Битки/војни

Семејство уреди

Неговиот татко, Нух, бил венецијански преобратник во ислам, кој работел во Цариград (денешен Истанбул) како доктор, а неговата мајка Сафије била Турчинка. Неговиот епитет Хекимоглу значи „син на лекар“ на турски.

Рани години уреди

Али работел во различни области (и провинции) на царството како Зиле (во денешна провинција Токат, Турција), Јениил (јужно од денешната провинција Сивас, Турција), Адана (во денешна Турција), Алепо (во денешна Сирија) како гувернер на провинцијата. Се борел за време на Отоманско-персиската војна (1722–27) и го освоил Тебриз. По договорот од Хамедан во 1727 година, работел во денешен Ирак и во Сивас. За време на новата војна против Персија, тој бил назначен за командант на фронтот (турски: serdar). Тој ги освоил Урмија и Тебриз (втор пат).

Прв мандат како голем везир уреди

За време на неговиот прв мандат (12 март 1732 - 12 август 1735 година), тој се обидел да ја реформира армијата со формирање на нов артилериски кор со име Хумбараџи. За оваа задача работел со француски преобратник подоцна познат како Хумбараџи Ахмед-паша. Тој се обидел да ја заврши војната против Персија за да ослободи ресурси, но неговата мировна политика била дочекана со критики и, за време на воениот совет одржан во палатата, султанот Махмуд I го отпуштил од функцијата.

По првиот мандат уреди

По неговиот прв мандат, Али-паша продолжил како гувернер на провинцијата. Тој бил назначен заодговорен на Крит (во Грција), Босна, Египет и делови од Анадолија. Во Босна, тој ги победил Австријците[1] во Битката кај Бања Лука за време на Австро-руско-турската војна (1735–393) и го поддржувал везирот Иваз Мехмед-паша во опсадата на Белград (1739). Во Египет, тој го задушил востанието на Мамелуците[2] и за неговото владеење се вели дека е во голема мерка мирно и ослободено од востанија[3].

Втор мандат како голем везир уреди

За време на неговиот втор мандат (21 април 1742 година - 23 септември 1743 година), најважниот проблем бил новата војна против Персија, која сè уште ја водел Надир Шах од династијата Афшариди. Сепак, султанот го одбил планот за кампања на Али и го разрешил, обвинувајќи го дека не презел соодветни мерки во источниот фронт[4].

По вториот мандат уреди

По неговиот втор мандат, тој бил назначен за гувернер на провинцијата во Лезбос, Крит, Босна, Трикала (во Грција), Очаков (во Украина), Видин (во Бугарија) и Трабзон (во Анадолија). Во Трабзон, тој бил во можност да стави крај на хаосот создаден од локалните водачи.

==Трет мандат како голем везир

Неговиот трет мандат бил многу краток (15 февруари 1755 година - 18 мај 1755 година). Новиот султан Осман III бил под влијание на дворските аристократи. Кога Али одбил да ја почитува наредбата на султанот за погубување на еден млад принц, султанот го затворил. Тој едвај go избегнал погубувањето со посредство на валиде султан Шехсувар[5].

По третиот мандат уреди

Откако бил затворен во Момина кула во Босфорот, тој прво бил протеран во Кипар, а потоа и на островот Родос. Тој добил помилување во 1756 година и бил назначен за османлиски провинциски гувернер во Египет по втор пат. Уште еднаш, неговото владеење се покажало да биде мирно[6]. На 17 октомври 1757 година, по четврти пат, тој бил назначен за гувернер на Анадолија. На 13 август 1758 година, на возраст од околу 71 година, тој починал во Ќутахија од инфекција на уринарниот тракт.

Тој е погребан во мал монументален гроб во близина на џамијата Хекимоглу Али-паша во комплексот верски објекти што тој имал намера да биде изграден во населбата Давутпаша во Истанбул.

Наводи уреди

  1. Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt IV, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p. 15
  2. Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt IV, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p. 6
  3. 'Abd al-Rahman Jabarti; Thomas Philipp; Moshe Perlmann (1994). Abd Al-Rahmann Al-Jabarti's History of Egypt. 1. Franz Steiner Verlag Stuttgart. стр. 247.
  4. Ayhan Buz: Osmanlı Sadrazamları,neden Kitap, istanbul,2009,ISBN 978-975-254-278-5 pp 204-205
  5. Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt IV, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p. 33
  6. 'Abd al-Rahman Jabarti; Thomas Philipp; Moshe Perlmann (1994). Abd Al-Rahmann Al-Jabarti's History of Egypt. 1. Franz Steiner Verlag Stuttgart. стр. 308.
Политички функции
Претходник
Топал Осман-паша
Голем везир на Отоманското Царство
12 март 1732 – 12 август 1735
Наследник
Ѓурчу Исмаил-паша [tr]
Претходник
Сулејман-паша ел-Азм
Отомански управител на Египет
1740–1741
Наследник
Хатибзаде Јахја-паша
Претходник
Нишанџи Мехмед-паша
Голем везир на Отоманското Царство
21 април 1742 – 23 септември 1743
Наследник
Сеид Хасан-паша
Претходник
Ќосе Бахир Мустафа-паша
Голем везир на Отоманското Царство
15 февруари 1755 – 18 мај 1755
Наследник
Наили Абдула-паша
Претходник
Балтаџи Мустафа-паша
Отомански управител на Египет
1756–1757
Наследник
Садедин-паша ел-Азм