Степан Ерзја (руски: Степа́н Дми́триевич Э́рьзя) (Баево, 27 октомври 1876Москва, 23 ноември 1959) – советски уметник и вајар со ерзјанско потекло. Вистинското презиме му било Нефјодов, а Ерзја му бил уметнички псевдоним со кој уметникот го нагласил својот етнос.

Степан Ерзја
Степа́н Э́рьзя
Роден(а)27 октомври 1876(1876-10-27)
село Баево, Сибирска Губернија, Руска Империја
Починал(а)24 ноември 1959(1959-11-24) (возр. 83)
Москва, СССР
НационалностЕрзјанец
Занимањевајар

Првите поуки по ликовна уметност Ерзја ги добива во уметничките ателјеа во Алатир и Казан, каде слика во цркви во селата и гратчињата низ Поволжието. Меѓу 1906 и 1914 година живее во Италија и Франција каде ги создава творбите „Тага“ (1908), „Свештеникот на темницата“, „Последната ноќ“ (1909), „Камениот век“ (1911), „Марта“ (1912). Се здобива со светска репутација со учество на изложби во Венеција, Милано (1909), Париз (1912).

По Октомвриската револуција во 1917 година со ентузијазам започнал да изработува монументални скулптури и истовремено предавал низ земјата[1] - во Урал (1918-1921), Новоросиск (1921-1922), Батуми (1922), Баку (1923—1925). Во тој период му започнале проблемите со новата власт во Русија, каде различни функционери негативно се изјасниле за неговите дела и му создавале различни пречки. При патувањата од град во град за време на граѓанската војна на неколкупати бил ранет и по чудо преживува..[2] Бидејќи се работи по целниот план на пропагандата на новата власт, многу од творбите му се изработени од неквалитетни материјали како цемент, а не мермер, за да може да се спазат поставените рокови, поради што се тешко оштетени и уништени.

Тешките услови во кои работи го принудуваат Ерзја да емигрира. Во есента 1926 година добил овластување од властите да замине за Париз за да ја претстави својата изложба и таму останал половина година, паралелно учествувајќи на IV Меѓународна изложба во Салонот на независни уметници. Двата настани поминале успешно и му донеле значителни финансиски средства. Добива покана да ја претстави својата изложба во Монтевидео и заминал за Латинска Америка. Во 1927 година се настанил во Аргентина.

Тука тој творел 23 години – 1950. Уште при самото пристигнување весниците во земјата публикувале опширни статии за неговото творештво и пишувале за неговите проблеми со советската власт, како и за неговата популарност во Европа. Неговиот живот го претставиле како загадочен, а него самиот како чудак, што помогнало да се роди вистинска легенда. Неговата прва изложба со творби донесени од Европа поминала со огромен успех. Ерзја патувал многу низ Аргентина, ги цртал месните Индијанци и изработувал скулптури од кебрачо.

Во 1950 година, тој добил дозвола од советските власти да се врати во СССР, а следната година пристигнал во својата татковина со голема колекција од свои дела - 180 скулптури од дрво, бронза, мермер, гипс со вкупна тежина од 175 тона. Неговата влада му обезбедила ателје во Москва, каде што поставил постојана изложба која имала голем успех.

Ерзја умира во Москва на 24 ноември 1959 година и е погребан во Саранск.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Розенберг Н. А. Степан Эрьзя. Аргентинский период: на пересечении культурных традиций. — СПб., 2007. — 112 с., ил. ISBN 978-5-8064-1180-9
  2. МИИРМ рукописный фонд Orsetti Z. Apuntes para una biografia del Escultor Stafan Erzia. — 1976. — Машинопись. — С. 264, 265.

Надворешни врски уреди