Боро Мокров (роден на 13 декември 1917 година во Велес - починал на 30 април 2005 година во Скопје) — македонски правник, публицист, припадник на комунистичкото и на студентското движење, политички работник и публицист, прв доктор по новинарство во Македонија.[1]

Боро Мокров
Роден 13 декември 1917
Велес, Кралство Србија
Починал 30 април 2005
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање правник
публицист

Животопис уреди

Боро Мокров бил активист на СКОЈ и член на КПЈ од 1939 година. Поради пројавените активности во КП и СКОЈ бил испратен во логорот Меѓуречје – Ивањица (Србија). По окупацијата работел на формирањето ќелии на КП во Азот, Велешко, и во подготовките на партизанска база. Во 1942 г. бил секретар на СКОЈ, од декември 1942 г. до крајот на 1943 г. бил во затвор, а потоа во интернација. По враќањето од интернација, во 1944 г. станал политички комесар на одредот „Трајче Петкановски и на Осмата велешка бригада. По војната бил пратеник (неколку мандати) во Собранието на Македонија. Се занимавал со историјата на печатот и на новинарството во Македонија. Автор е на повеќе статии и монографии.

Библиографија уреди

  • Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство, Скопје, 1980;
  • Збор, печат, време, Скопје, 1987;
  • Весникот „Македонија“ на Коста С. Шахов, Радио Охрид, 1991.

Литература уреди

  • Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот стих 1900–1944. Истражувања и материјали, Скопје, 1980, 454-456.

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мокров“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 982. Text "series " ignored (help)