Атина Мургашанска: Разлика помеѓу преработките

македонска политичарка
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox officeholder|name=Атина Мургашанска|birth_place=Куманово, Република Македонија|religion=М...
(нема разлика)

Преработка од 18:50, 25 октомври 2020

Атина Мургашанска (29 јули 1968, Пробиштип) е претседател на Советот на Општина Куманово.

Атина Мургашанска
Претседател на Совет на Општина Куманово
На должноста
2017 – во служба
Претходник Максим Димитриевски
Лични податоци
Роден(а) Куманово, Република Македонија
Националност Македонка
Партија СДСМ
Деца 1
Установа „Св. Кирил и Методиј“
Професија правник
Вероисповед православен христијанин

Образование

Основното  училиште „ Кочо Рацин“ и Гимназијата „ Гоце Делчев“ ги завршува во Куманово, како ученик на својата генерација.

Дипломира на Правниот факултет  „ Јустинијан Први“ при Универзитетот „ Кирил и Методиј“ во Скопје.

Има положено правосуден испит, магистрант е по административно право на УКИМ и е еден од првите медијатори  во Република Македонија.

 
Атина Мургашанска3

Кариера

Работела како новинар и уредник на младинската и ноќната програма во Радио Куманово, а потоа како едукатор и презентер  во невладиниот сектор.

Истакнат активист е на полето на човековите права и родовата еднаквост. Учесник е на бројни проекти, обуки и семинари во земјата и странство од областа на човековите права, локалната самоуправа и регионалниот развој и управувањето со отпад.

Вработена е како помошник раководител во Центарот за развој на Североисточниот плански регион.

Во својата политичка партија е координаторка на Форумот на жените на СДСМ за Куманово и член на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ.

На локалните избори во октомври 2017 година е избрана за советник, како носител на листата  на советници на СДСМ и коалицијата, а потоа избрана и за претседател на Советот на Општина Куманово.