Бусто Арсицио: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 23:39, 22 март 2020

Бусто Арсицио (Italian: [ˈbusto arˈsittsjo] ( слушнете)) — град и општина, во покраината Варезе, во регионот Ломбардија, во северна Италија, оддалечен 34 километри северно од Милано. Економијата на Бусто Арсицио главно е заснована на индустрија и трговија. Тоа е петта општина во регионот по население и прва во покраината.

Бусто Арсицио
Comune di Busto Arsizio
Главната црква Св. Јован Крстител
Главната црква Св. Јован Крстител
Грб на Бусто Арсицио
Бусто Арсицио во рамките на покраината Варезе
Бусто Арсицио во рамките на покраината Варезе
Бусто Арсицио is located in Италија
Бусто Арсицио
Бусто Арсицио
Местоположба во Италија
Координати: 45°36′N 08°50′E / 45.600° СГШ; 8.833° ИГД / 45.600; 8.833
Држава Италија
Регион Ломбардија
ПокраинаВарезе (VA)
Управа
 • ГрадоначалникЕмануеле Антонели
Површина
 • Вкупна30,27 км2 (1,169 ми2)
Надм. вис.&10000000000000226000000226 м
Население (31 декември 2017 г.)
 • Вкупно83.405
 • Густина2.800/км2 (7,000/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код21052
Повик. бр.0331
Мреж. местоМатична страница

Историја

И покрај тврдењата за келтско потекло, неодамнешните истражувања покажуваат дека претци на Бусточите биле лигурите, наречени "диви" од Плиниј Постариот, "ограбувачи" од Тит Ливиј и "влакнести" од Помпеј Трог. Тие биле вешти работници со железо и многу барани како платеници. Далечното лигуриско влијание е забележливо во локалниот дијалект, кој е малку поинаков од другите западно ломбардски дијалекти, според локалниот експерт и историчар Лујџи Џавини.[1]

Традиционално овие први жители ги палеле шумите составени од стари и млади дабови и габрови дрва, кои во тоа време ја покривале целата Падска долина. Оваа пракса исечи и запали, имала за цел да создаде полиња на кои биле одгледувани лозови насади или житарки како мувар, просо и 'рж, или само да создаде простор на отворено на кој биле градени камени колиби со сламени покриви. Правејќи го ова, тие создавале практично нови населби.

Бавното зголемување на населението било потпомогнато од инсубрите, галско племе кое пристигнало во последователни бранови преминувајќи ги Алпите во 500 г. ПНЕ. Се вели дека тие ги поразиле етрурците, кои дотогаш ја контролирале областа, оставајќи неколку географски имиња зад себе (Кастроно, Кароно, Бјандроно, и.т.н.).

Бусто Арсицио е создаден на трасата помеѓу Милано и езерото Маџоре (наречена "пат на Милано", алтернативна траса до постоечкиот превој Сипмплон), дел во кој, пред создавањето на Навиљо Гранде, се користела водата на реката Тичино.

Сепак, ништо не е познато за историјата на Бусто Арсицио пред 10. век, кога името на градот прв пат било забележано во документи, веќе со сегашното име. Како дел од династијата Контадо од Сеприо, во 1176 година, нејзините граѓани веројатно учествувале на двете страни во познатата Битка кај Лењано, во која всушност се бореле фракцијата Борсано и соседната општина Вила Кортезе, кога Фридрих Барбароса бил поразен од комуналната милиција на Ломбардската лига.

Од 13. век, градот станал познат по своето производство на текстил. Дури ни феудализацијата во подоцнежните векови под неколку лордови и вазали на господарите од Милано, не го запрела бавниот но константен раст; ниту пак бубонската чума, која силно го погодила населението во 1630 година.

Во средината на 19. век, модерната индустрија започнала силно да се развива; за неколку децении, Бусто Арсицио бил наречен „италијански Манчестер“.[2] Во 1864 година, додека Евгенијо Тоси бил Архиепископ на Милано, на Бусто Арсицио му биле доделени градски привилегии од кралот Виктор Емануел II. Градот продолжил да расне во следниот век, абсорбирајќи ги соседните општини Борсано и Сацонаго во 1927 година со големата административна реформа имплементирана од фашистичкиот режим, и бил само малку оштетен за време на Втората светска војна (една сојузничка бомба ја погодила железичката станица). Во тој период, Бусто Арсицио бил главен индустриски центар за воено производство, и окупаторите германци во градот го преместиле италијанското национално радио. Италијанското движење за отпор главно било свртено кон штрајкови и саботажи отколку кон герила војување, а тие што сакале да се борат заминале на планините Осола, каде што доживеале апсења и тортури и биле депортирани во концентрационите кампови. Жителите на градот биле главно депортирани во концентрационите кампови Маутхаусен-Гусен и Флосенборг. На 25 април 1945 година, кога партизаните ја превземале власта, Бусто Арсицио дал глас на првиот слободен радио канал во северна Италија од почетокот на фашизмот.

Демографија

Меѓународни врски

Збратимени градови

Бусто Арсицио е збратимен со:


Наводи

  1. Altro che celti. Sono liguri gli avi dei Bustocchi Архивирано на 19 септември 2006 г. Varesenews, 21 ноември, 2002
  2. Pisoni, D. (27 March 2015). „Dal fascismo alla resistenza, cosí nacque la Manchester d'Italia“ (италијански). Посетено на 22 July 2019.

Надворешни врски