Спасо Жежовски

(Пренасочено од Спасе Жежовиќ)

Спасо Перов Жежовски ( 1914 во Бањане, Скопско16 април 1945 во Будровци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спасо Жежовски
Роден 1914 година
Бањане, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 16 април, 1945 година
Будровци, Хрватска
Почивалиште Гробиштата во Бањане
Националност Македонец
Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Спасо Жежовски

Животопис

уреди

Потекнувал од бедно селско семејство. Основно училиште завршил во селото, а подоцна се занимавал со земјоделство и чување добиток. На 15 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во борбите против балистите во близина на своето родно место, се истакнал со учество во првите борбени редови. По ослободувањето на Македонија заминал за Косово, каде учествувал во ликвидирањето на балистичките банди. Во составот на XV македонски корпус заминал за Срем. Учествувал како пушкомитралезец во пробивот на Сремскиот фронт и се истакнал со својата храброст. Загинал на 16 април 1945 година, во првите борбени позиции кај Будровци. По војната неговите посмртни останки биле пренесени и погребани во неговото родно село.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 59. На |first= му недостасува |last= (help)