Археолошки музеј (Солун)
Археолошки музеј - Солун — музеј во Солун, Егејска Македонија посветен на археолошката оставнина на древна Македонија и римскиот период пронајдени во и околу градот Солун, но и пошироко во Егејска Македонија. Претставени се како грчки, согласно политиката на присвојување на древната историја на Македонија.
Αρχαιολογικό Μουσείο Θεσσαλονίκης | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Основан | 1912 |
---|---|
Место | Солун, Егејска Македонија, Грција |
Координати | 48°51′36″N 2°19′37″E / 48.860° СГШ; 2.327° ИГД |
Тип | археолошки |
Директор | Поликсена Адам-Велени |
Мреж. место | amth.gr |
Зграда и поставки
уредиМузејската зграда е изградена во 1962 г. модернистички стил и е дело на архитектот Патроклос Карантинос. Во 1980 г. е доградено ново крило, посветено на наодите од Кралската гробница во Кутлеш, каде истите се чувале до 1997 г. Музејот е реновиран во периодот од 2001 до 2004 г. воочи олимпијадата во Атина, а трајните поставки се преуредени.
Средишните простории се посветени претежно на наодите од градот Солун и Егејска Македонија пошироко. Во поновото крило се сместени две поставки. Првата е наречена „Златото на Македон“ и опфаќа наоди од гробниците во Текелиево, Ново Село, Нареш, Кожанско, Дервент, (древниот град Лете) Сер и Ашиклар. Втората е наречена „Солун во праисторијата“, каде се изложени наоди од праисториски населби од младото камено време (неолит) и бронзеното време. Во овој дел се поставени и скулптурите од архаичнниот до доцноримскиот период. Тука се поставени и елементи од древномакедонски храм од VI век п.н.е. во јонски стил, наодите од дворецот на римскиот цар Галериј во центарот на Солун и реконструкција на кралската македонска гробница од Ново Село со изворни архитектонски елементи и златни наоди од Текелиево од архаично и класично време.
Оддел „Златото на Македон“
уредиОдделот „Златото на Македон“ е посветено на наодите во злато како пример за материјалната култура на древна Македонија од VI век п.н.е. до 148 п.н.е. Изложени се бројни парчиња накит, украси за облека, златни и позлатени предмети, садови и монети и објаснета е тогашната техника на добивање на рудата и изработка на накитот. Опишана е и улогата на овие предмети во погребните обреди на старите Македонци.
Оддел „Солун во праисторијата“
уредиОдделот „Солун во праисторијата“ се обидува да го престстави крајбрежјето на Солунскиот Залив какво што било пред основањето на градот Солун од кралот Касандар. Претставени се првите ископувања извршени од британски и француски единици на Солунскиот фронт и наоди од најважните наоѓалишта како Седес, Царево Село, Лембет, Даутбал, Гвоздово, Тумба и Кастања, поделени на три периоди — младото камено време, старото бронзено и младото бронзено време.[1]
Значајни предмети
уреди- Дервентски кратер
- статуа на Харпократ (крај на II век п.н.е.)
- глава на Серапис (II век п.н.е.)
- бронзен шлем и златна маска (крај на VI век п.н.е.) од гробницата кај с. Текелиево, Солунско
- мермерна врата од македонска кралска гробница во Ново Село, Солунско
- копија на разголената Афродита (421/420 п.н.е.)
- златни медалјони (225–250 п.н.е.)
- подни мозаици
- златни дијадеми, златни дискови и златни глави на Медуза (350-325 п.н.е.)
- Дервентски папирус (крај на V век п.н.е.) од Дервент кај Ајватово и Лагиново, Солунско
Галерија
уреди-
Одливка на черепот од Црвени Стени
-
Натпис посветен на кралицата Тесалоника, ќерката на Филип II Македонски
-
Древномакедонски монети
-
Цитра
-
Мермерна статуа на Дионис
-
Саркофаг со приказ на Тројанската војна
-
Глава на богот Серапис
-
Глава на Александар Македонски (175-200)
-
Дијадема од Седес (320-300 п.н.е.)
-
Златни предмети
-
Златна дијадема
-
Шлем
-
Бронзен кратер
-
Мермерна статуа на Октавијан Август
-
Келтската божица Епона
-
Композиција со Дионис (200-250)
-
Архитектонски елементи