Соишта
поранешно село во Костурско, Егејска Македонија
Соишта (дијалектно: Соишча) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција.[1]
Соишта | |
---|---|
Координати: 40°27′N 21°12′E / 40.450° СГШ; 21.200° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Рупишта |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало меѓу Старичани, Брештени и Псоре. Имало две маала — Горно и Долно Соишта.[1] Реката на која се наоѓало селото, притока на Галешово, и денес го носи името Соишта.
Историја
уредиСелото било растурено во 1879 г. од разбојнички банди по нарачка на грчкиот костурски митрополит бидејќи населението одбивало да се изјасни како грчко. Селаните се населиле во Старичани, Лудово, Жужелци и други села.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 43. ISBN 9989-9819-6-5.