Соба од килибар

уметничко дело
(Пренасочено од Собата од килибар)

Соба од килибар — соба украсена со килибар, даден како подарок од прускиот крал Фридрих Вилхелм I на рускиот цар Петар Велики, 1716 година, како балгонаклоност за спојувањето на овие две земји во заедничката алијанса. Собата се смета за ремек-дело на барокната уметност. Сместено е во Катеринскиот дворец во Царское Село кај Санкт Петербург, Русија.

Собата од килибар во нејзиниот изворен облик во 1931 г.
Реконструираната Соба од килибар.

Најголемото дело од килибар било кога направено во уметноста тежело 6 тони, а за помоќен сјај целата соба била пресвлечена со злато. Се состоела од 100 000 парчиња на обработен килибар кои ги покривале дрвените плочи во големина од 55 м3. Оригиналната соба се состоела всушност од осум дрвени плочи со висина од 3,69 m и ширина од 1,5 m. Имала осум пиластри, четири агли и дрвен под со насипана земја. Било предвидено целата да биде прекриена со огледала, а садовите за јадење да бидат исто така од килибар со изгравирана златна линија на дното. Требало цел еден тим на занаетчии десет години да работат на ова мајсторско дело кое било познато како 8-то Светско чудо.

Подоцна Катерина Велика Собата од килибар ќе ја премести од зимската, во нејзиниот нов летнен дворец во Царское Село (денес Пушкин), крај Санкт Петербург. Таа ангажирала цела една нова генерација на занаетчии за да ја преместат и да ја разубават уште повеќе. Кога во 1770 година работата била завршена, како што напишале историчарите од тоа време, собата била заслепувачка. Била украсена со 565 канделабри чијашто светлина рефлектирајќи се од топлата златна површина на килибарот, сјаела во огледалата, позлатата и мозаиците.

Внатрешнсота на дворецот во Царское Село имал нешто поголеми димензии (10 х 10 х 7,8 m) од оригиналот. Затоа само три ѕида биле украсени и прекриени со килибар, а деловите кои недостасувале биле дополнети со огледала и мозаици, со камчиња донесени од Урал и со Кавкаски декоративни камења. Таванот бил преубаво насликан, а подот бил прекриен со мозаици од најскапоцените видови на дрва. За време на оваа изведба работеле пет професионални мајстори - специјалисти за килибар. Некои ремек дела (како делови од мебелот) кои тие ги изработиле сè уште се наоѓаат во збирката на Царскиот дворец во Царское Село и се единствените делови кои ни се познати од оваа соба што успеале да ја преживат Втората светска војна.

Повеќе од 200 години Собата од килибар го красела дворецот на Катерина Велика во Пушкин, крај Санкт Петербург, традиционалната летна резиденција на Руските Цареви. А, потоа дошла Втората светска војна. За време на војната Русите и Германците взаемно си ограбувале илјадници уметнички работи едни од други. Така Собата од килибар, во летото господово 1941 станала едно од најпрестижните германски воени пленови. И покрај тоа што Русите се обиделе да ја сокријат собата, Германците ја пронашле и ја транспортирале назад во Германија. Шест луѓе за 36 часа ја размонтирале, ја спакувале во 28 кутии и ја пратиле со воз на Запад. Но, каде...???

Помеѓу 1941 и 1945 година Собата од килибар наводно била стационирана во замокот Кенигсберг (сега Калининград во Русија), град кој тогаш и припаѓал на Источна Прусија. Кон крајот на војната Русите го срушиле замокот до темели и така почнала мистеријата која сè уште трае.

По војната официјалната изјава на Германците до која се држеле долго време, била дека Собата од килибар (како што била донесена во кутии) била сместена во замокот Кенигсберг и дека изгорела заедно со него во воздушниот напад. Но, другите докази кои се појавиле во меѓувреме велеле дека таа е сместена на друго место, па дури и дното од Балтичкото Море.

Многу луѓе во последните 50-ина години се обиделе да ја пронајдат Собата од килибар чија вредност во моментов се проценува над 250 милиони $. Швеѓаните патуваат околу Балтичкото Море, а Германските приватни истражувачи со помош на археолозите целосно ги прекопуваат Баварските утврдувања. Но мистеријата сè уште останува нерешена. Исто така се вели дека со самата соба поврзано е и некакво проклетство. Па ќе прочитате и работи како на пример дека неколку истражувачи кои потрошиле огромни суми на време и пари за да ја најдат, едноставно умреле или изчезнале под мистериозни околности.

Во 1995 година историчарите вработени во McDonald Institute во Кембриџ официјално на BBC News изјавија дека не постои никаква надеж Собата од килибар да биде воопшто пронајдена. Но, во 1997 г. проструи веста дека е пронајден мал мозаик од јаспис и оникс кој можеби потекнува од неа. Група на Германски детективи, вклучувајќи и поранешен СС агент успејаа да фатат еден човек кој се обидувал да го продаде оригиналниот мозаик во една уметничка работилница во Бремен. Тој велел дека го добил како наследство од неговиот татко кој своевремено бил офицер што го обезбедувал конвојот кој одел накај Кенигсберг, но дека нема идеја како татко му дошол до него. Една година подоцна Германците го конзервираа мозаикот и му го прикажаа на рускиот претседател Владимир Путин.

Во меѓувреме Собата од килибар стана толку многу популарна што една германска филмска компанија дури направи и филмска сторија во стилот на Индијана Џонс, а тој документарец беше прикажан и на една од локалните скопски телевизии (Сител).

Во април 2003 година по повод прославата на 300 години од основањето на Санкт Петербург, во дворецот на Катерина беше изработена комплетна реконструкција на Собата од килибар. Можеби ќе звучи иронично, но покровителство и најголем дел од финансиските средства дошле од страна на германската компанија Ругхарс АГ.

Собата од килибар го има обезбедено своето место во историјата на човештвото како најголемото изгубено богатство по кое сè уште се трага. Кога еднаш ќе се види нејзината реконструкција, станува јасно и зошто.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди