Источна Прусија

покраина во Прусија

Источна Прусија (германски: Ostpreußen) — покраина во поранешната германска држава Прусија. Во 1937 година покривала површина од 36 993,9 км² и броела преку два милиони, воглавно германски жители.

Источна Прусија
Ostpreußen
покраина на Прусија

1772–1829
1878–1945

 

Знаме Грб
Знаме Грб
Местоположба на Источна Прусија
Источна Прусија (црвено) во рамките на Кралството Прусија и Германското Царство
Главен град Кенигсберг
Историја
 -  Основана 31 јануари 1773
 -  Покраини на Прусија 3 декември 1829
 -  Province restored 1 април 1878
 -  Советско заземање 1945
Површина
 -  1905 36.993 км2
Население
 -  1905 2.025.741 жит.
Густина 54,8 жит/км2
Управни единици Гумбинен]
Ненигсберг
Аленштајн (од 1905 г.)
Западна Прусија (1922–1939)
Цихенау (од 1939 г.)
Денес во  Полска
 Литванија
 Русија (Калининградска област)

Главен град на Источна Прусија е Кенигсберг, денешен Калининград, со околу 372.000 германски жители (1939) одн. денешни 425.000 Руси. Источна Прусија до 1945 година била северoисточен крај на Германија, низ одлуките на Сојузниците во Втората светска војна покраината е поделена помеѓу Полска и Советскиот Сојуз. Германските жители тогаш биле иселени, а населена била со луѓе од Советскиот Сојуз и протераните Полјаци и Украинци од областите кои по 1945 година припаднале на Советскиот Сојуз. Денес покраината е поделена меѓу Калиниградската област која припаѓа на Русија и делови од Вармиско-мазурското Војводство во Полска.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди