Слатина (Костурско)
Слатина (грчки: Χρυσή, Хриси; до 1926 г. Σλάτινα, Слатина[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 124 жители (2011).
Слатина Χρυσή | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°16′N 20°59′E / 40.267° СГШ; 20.983° ИГДКоординати: 40°16′N 20°59′E / 40.267° СГШ; 20.983° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Нестрам |
Општ. единица | Аренес |
Надм. вис. | 1.130 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 124 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба Уреди
Селото се наоѓа 40 км југозападно од градот Костур, високо на пазувите на планината Грамошта на надморска височина од 1.130 м. [3]
Историја Уреди
Во Отоманското Царство Уреди
Во даночните записници од средината на XV век Слаитна е споменато со 17 глави на семејства и еден неженет: Витан, Којо, Васил, Војнак, Анастас, Ѓуро, Петру, Ѓуро, Тодор, Алекса, Димос, Јорги, Михал, Никола, Новак, Михо, Насто и Мане. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.499 акчиња.[4]
Во XIX век Слатина било грчко село во Костурската каза на Горичкиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Слатина имало 120 жители, сите Македонци.[5]
Според грчки извори, во 1905 г. Слатина имало 500 жители Грци.[6]
Во Грција Уреди
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во Слатина се запишани 349 жители, кои во 1920 г. се намалиле за 325 лица.[3]
Стопанство Уреди
Главно занимање на населението е шумарство, а помалку со сточарството и земјоделството.[3]
Население Уреди
Слатина во минатото била чиста македонска населба, но е напуштена во немирните години. Подоцна во неа се населиле грчки семејства од областа Епир, познати како Качауни.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 507 | 385 | 428 | 333 | 252 | 215 | 210 | 124 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика Уреди
Селото припаѓа на општинската единица Аренес со седиште во селото Борботско, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Слатина, во кој влегува и селото Висанско.
Културни и природни знаменитости Уреди
- Црква „Св. Пантелејмон“ и поранешен манастир
Редовни настани Уреди
Личности Уреди
Култура и спорт Уреди
Иселеништво Уреди
Наводи Уреди
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Πανδέκτης: Slatina -- Chrysi“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-06-17.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). „Костурски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 41.
- ↑ Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 82
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.43“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-06-17.
- ↑ „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Xrisi“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26.