Скопско (пиво)

македонско пиво
(Пренасочено од Скопско пиво)
За други значења на Скопско, погледнете Скопско.

Скопскопиво што го произведува Пивара Скопје, а потекнува од 1924 година. Пивото има застапеност од 64 % на пазарот во Македонија[се бара извор]. Неговите рекламни слогани се „Скопско, наше најдобро“, како и: „Скопско, и сѐ е можно“.

Скопско пиво (1940 — 1970)
Чаша и шише скопско

Производство и состојки

уреди

Пивото се добива со долно алкохолно вриење на јачменовиот слад. Има екстракт од 11 % (сува материја добиена од слад) и 4,9 % алкохол. Пивото има златно-жолта боја и цврста бела пена. Карактеристичниот горчлив вкус доаѓа од хмељот, кој покрај водата, јачменот и квасецот е четвртата основна состојка на пивото. Пивото е средно газирано со природен јаглерод диоксид и не содржи конзерванси. За заштита од расипување се користи единствено пастеризација, која претставува најприроден начин на стерилизација.

Во декември 2014 година, „Пивара Скопје“ започнала со производство и на темно пиво од марката скопско.[1]

Скопско нефилтрирано

уреди

Пивара Скопје на пазарот во 2018 година го лансирала својот најнов пивски бренд — оригиналното скопско нефилтрирано пиво. Оваа нова екстензија на скопско, создадена според вкусовите на консументите, претставува уште една инвестиција на компанијата во развојот на пивската индустрија во Македонија.

„Најновиот член на скопско семејството спаѓа во „craft“ категоријата на пива, што како термин во пивската индустрија претставува мајсторство за пиво со сопствени и уникатно развиени рецептури. Скопско нефилтрирано е направено со најдобрите природни состојки и 4,9% алкохол, по оригиналниот традиционален рецепт на скопско.

Скопско нефилтрирано има нестандардна етикета од хартија која целосно го покрива шишето, што дополнително ги збогатува неговите природни и автентични особини, меѓутоа истовремено не дозволува никаква пропустливост на светлината, со цел пивото да остане свежо што е можно подолго.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Скопско доби нова екстензија - темно“, Економија и бизнис, број 198, 25 декември 2014, стр. 10.
  2. „Скопско нефилтрирано - ново пиво од Пивара Скопје“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2019-02-06. Посетено на 2018-09-26.

Надворешни врски

уреди