Скопско радлер

македонско пиво

Скопско радлер — македонско пиво, претставено во 2012 година од страна на Пивара Скопје како бренд екстензија на скопско. Скопско радлер е мешавина на најквалитетното пиво кај нас и сок од лимон кој ја гаси жедта и делува неверојатно освежувачки. Создаден е за активни млади луѓе кои се во потрага по совршено освежување.

Скопско радлер на полица во маркет
ТипПиво
ПроизводителПивара Скопје
Земја на потекло
Македонија Македонија
Алкохол по волумен2.0% www.pivaraskopje.com.mk
СтилРадлер
Матична страницаwww.pivaraskopje.com.mk

Како пиво со 2% алкохол и совршена комбинација на состојки, Скопско радлер ја стекна својата популарност веднаш по појавувањето во продажба, особено кај младите луѓе што се во потрага по совршено, двојно освежување (сок од лимон и пиво). Ова пиво е присутно на нашиот пазар во текот на летната сезона како една од најдобрите опции за освежување[1].

Со лансирањето на скопско радлер, Пивара Скопје е доследна секогаш да нуди иновативни производи со беспрекорен вкус и квалитет. Создавањето на скопско радлер го отвори патот кон една нова категорија на пазарот на пиво, категорија со потенцијал да придонесе кон растот на целокупниот пивски пазар. Скопско радлер е првото пиво од овој вид произведено дома, во Македонија.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „ПОЛНА ЧАША“. ПОЛНА ЧАША (англиски). Посетено на 2018-07-16.
  2. „Брендови“. ПОЛНА ЧАША. Посетено на 2018-07-16.