Блекинге (округ)
Блекинге (швед. Blekinge län) е округ (län) во јужниот дел на Шведска. Се граничи со окрузите Сконе, Крунуберг, Калмар и Балтичкото Море. Административен центар е Карлскруна. Со 0,7 % од површината на земјата, ова е најмалиот округ во Шведска.
Блекинге Blekinge län | |||
---|---|---|---|
Округ | |||
Земја | Шведска | ||
Админ. центар | Карлскруна | ||
Управа | |||
• Управник | Гунвор Енгстрем | ||
• Совет | Окружен совет на Блекинге | ||
Површина | |||
• Вкупна | 2.941 км2 (1,136 ми2) | ||
Население (31 март 2011)[1] | |||
• Вкупно | 153.131 | ||
• Густина | 52/км2 (130/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
БДП (ном.) | 34.566 милиони круни (2004) | ||
БДП/жит | 231.000 круни | ||
NUTS | SE221 |
Покраина
уредиИсториската покраина Блекинге ги има истите граници како денешниот округ.
Управа
уредиВо периодот од 1680 до 1683 територијата на округот Блекинге била дел од Калмар поради основањето на поморска база во Карлскруна.
Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.
Окружниот совет на Блекинге (Landstinget Blekinge) е задолжен за здравството и јавниот превоз.
Општини
уредиНаселени места
уредиЕве ги петте најголеми населени места во округот Блекинге:[2]
бр. | Место | Население |
---|---|---|
1 | Карлскруна | 32.606 |
2 | Карлсхамн | 18.768 |
3 | Ронеби | 11.767 |
4 | Селвесборг | 7.883 |
5 | Улофстрем | 7.425 |
Наводи
уреди- ↑ „Квартал 1 2011“. Централна статистичка служба. (шведски)
- ↑ Централна статистичка служба, 2005
Надворешни врски
уреди- Окружен административен одбор на Блекинге (шведски)
- Окружен совет на Блекинге (шведски)