Енгелхолм

град во Шведска

Енгелхолм (шведски: Ängelholm) — град во округот Сконе, Шведска и административен центар на општината Енгелхолм. Населението брои 23.240 жители (2010).[1]

Енгелхолм
Ängelholm
Стариот суд во Енгелхолм
Стариот суд во Енгелхолм
Енгелхолм is located in Шведска
Енгелхолм
Енгелхолм
Координати: 56°15′N 12°51′E / 56.250° СГШ; 12.850° ИГД / 56.250; 12.850
ЗемјаШведска
ПокраинаСканија
ОкругСконе
ОпштинаЕнгелхолм
Површина[1]
 • Вкупна12,83 км2 (495 ми2)
Население (31 декември 2010)[1]
 • Вкупно23,240
 • Густина1.811/км2 (4,690/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Местото е познато по т.н. „глинени кукавици“, кои претставуваат посебен вид на окарина.

Најважна стопанска гранка е туризмот, поради блиската песочната плажа долга 6 км. Подрачјето е привлечно за едрење, јавање бранови и едрење на даска поради поволните ветришта во заливот Шелдервикен.

Во градот се наоѓа фабриката за сладолед „Engelholms Glass“, со годишно производство од 1,2 милиони литри.

Од особен интерес за посетителите претставува Спомен-музејот на НЛО.

Историја

уреди

Старото населено место во ова подрачје е Ринестад, споменато околу 1600 г. Новото место е прогласено за град во 1516 г. со повелба од данскиот крал Кристијан II, но со векови останал мошне мал. Со Роскилдскиот мировен договор во 1658 г., Енгелхолм и остатокот од Сканија прешол од данска во шведска сопственост. Местото бележи позначаен раст со индустрализацијата во XIX век. До 1883 г. во него имало касарна, а од 1941 до 2002 г. имало воздухопловна база. Денес базата е напуштена, а во неа е сместен производителот на суперавтомобили Koenigsegg.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Населени места, број на жители и население на км2 во 2005 и 2010 г.“. Централна статистичка служба na Шведска. 14 декември 2011. Архивирано од изворникот на 2013-09-01. Посетено на 10 јануари 2012. (шведски)

Надворешни врски

уреди

Предлошка:Сконе (округ)