Скинхеди

(Пренасочено од Скинхед)

Скинхед(с)и,Скинси (англ. skinheads, „избричени глави“) припаѓаат на една поткултура која води потекло од младите припадници на работничката класа во Обединетото Кралство во шеесеттите години(1968-1969), а потоа се проширува низ останатите делови од светот. Својот назив го добиваат по избричените глави на своите припадници, а првите скинхедси во голема мера биле под силно влијание од јамајските рудбојс и британските "модови" во поглед на модата, музиката и начинот на живеење.[1] Првично, оваа поткултура се заснова врз овие елементи, а припадниците на оваа поткултурата биле политички и идеолошки неопределени. Оттогаш, главни чинители за појавувањето на одредени видови скинхедси стануваат ставот кон политиката и расата. Иако најголем број скинхедси не се политички и иделолошки определени, политичкиот спектар во рамките на скинхед-сцената е широк и се движи од крајна десница со националистички и неонацистички стремеж, до екстремни левичарски и анархистички погледи. Стилот на облекување на припадниците на оваа поткултура се движи од уредено определен излгед под влијание на модовите од шеесеттите години до сосема слободен и погруб начин на облекување под влијание на хардкорот и панкот.[2]

Скинхед од Германија

Историја

уреди

Во доцните педесетти години, конзервативниот класен систем во Обединетото Кралство ги ограничува образовните, станбените и економските можности за повеќето луѓе кои припаѓаат на пониските слоеви на работничката класа. Меѓутоа, повоениот економски процут во Британија доведува до зголемување на приходот на повеќето млади луѓе. Некои од нив токму тој приход го трошат на надојдената нова мода популаризирана од американските соул групи, британските ар ен би бендови, некои филмски глумци и трговците со облека од „Карнејби Стриит“.[3][4] Токму овие млади луѓе се именувани како модови кои ја сочинуваат оваа младинска поткултура позната по својата преданост кон модата, музиката и скутерите. Припадниците на оваа поткултура се носеле во практични стилови на облекување кои одговараат на животниот стил и условите за вработување: високи војнички или работнички кожни чизми со голем ѓон, тесни фармерки или "Ста прист" пантолони, кошули и трегери. Овие модови кои биле припадници на работничката класа, ги трошеле своите пари на костуми и одела кои ги носеле во салите за танцување каде што се забавувале со звуците на соул,ска, блубит и рокстеди музиката.[1][5]

Околу 1965 година доаѓа до разединување во поткултурата, и тоа помеѓу "пикок" модовите, кои биле помалку насилни и агресивни, секогаш носејќи облека од последната мода, и "хард" модовите (познати уште како "генг" модови, "лемонхедс" и "пинатс") кои се идентификуваат по својата кратко потстрижена коса претставувајќи една реална слика за работничката класа. Токму овие хард модови, околу 1968 година стануваат она што денес ние го знаеме - скинхедси. Нивните кратко истрижени коси имаат повеќе практични причини, едната е тоа што долгата коса може да биде причина за одговорност на работните места во индустријата а другата е поврзана со комоцијата и предноста при уличните тепачки. Исто така кратката коса на скинхедсите претставува пркос кон хипи имиџот и културата на "долгокосите деца на мирот",припадници на повисоките слоеви на средната класа.

Во прилог на задржувањето на влијанието од многуте модови, првичните скинхедси покажуваат интерес за културата на јамајските рудбојс , особено пројавуваат интерес за музиката од Јамајка и Карибите: ска,рокстеди и првобитната реге музика(пред темпото на музиката да опадне и темите на песните да се фокусираат на супериорноста на црната раса и растафаријанското движење).

Скинхед културата станува особено популарна во 1969 година кога дури и рок бендот Слејд привремено го присвојува скинхед стилот како маркетинг стратегија. Сепак поткултурата на скинхедсите доби забелешка и црна дамка, поради серијата од насилни и сескуално ексциплитни романи напишани и издадени од страна на Ричард Ален, особено романите "Скинхед" и "Скинхед ескејпс". Поради опсежните британски миграции кон Перт, Западна Австралија, голем број британски момчина во тој град се приклучија кон скинхед движењето во доцните шеесетти години и развија свој сопствен австралиски стил на скинхедси. До раните седумдесетти години, скинхед поткултурата започна да скршнува од патот на популарноста, а некои од автентичните скинхедси се поделија во различни нови подвидови и категории како што се: сјудхедс,смутид(најчесто со коса до рамениците) и бутбојс(должина на косата како модовите,најчесто поврзани со фудбалскиот хулиганизам). Некои модни трендови им се вратија кон корените на првобитните модовите преку "броугс" и "лоуферс" чевлите, кошулите, работничките костуми и џемпери, најавувајќи повторно враќање на сцената.

Во доцните седумдесетти години,по почетоците на панкот, скинхед поткултурата беше повторно ожиевеана со забележителен пораст на самите припадници. Повеќето од овие скинхед преродбеници реагираа на комерцијализацијата на панкот со прифаќањето на излгедот кој беше во согласност со автентичниот скинхед стил од 1969 година.Оваа преродба ги вклучи и Гери Ходџис и Хокстон Том Мекурт(подоцна членови на бендот Д фор скинс) и Сагс , подоцна член на бендот Меднес. Од 1979 година па наваму, бројот на скинхедсите кои беа под влијание на панкот, со кратко истрижаните коси или целосно избричените глави, повисоки и тешки кожни чизми со голем ѓон и со помал акцент кон традиционалниот првобитен стил, драстично се зголемува и привлекува медиумско внимание, воглавно поради фудбалскиот хулиганизам и дивеењето по фудбалските терени. Но сепак остануваат и оние скинхеди кои го претпочитаат автентичниот стил инспириран директно од модовите. Преку различните толкувања на поткултурата на скинхедсите, оваа поткултура се прошири надвор од границите на Британија и Европа. Во Соединетите Американски Држави, некои одредени сегменти на хардкор панк сцената го прифатија скинхед стилот и развија своја сопствена верзија на супкултура.

Стил и облека

уреди

Скинхедсите визуелно се индетификувани преку своите кратко истрижани коси и уникатни стилови на облекување. Скинхед модата еволуирала од самото основање на поткултурата во шеесеттите години, и некои стилови на облекување биле поприсутни во одредени места и временски периоди. Постојат неколку различни подвидови на скинхеди во поглед на стилот, но голем број од денешните скинхедси не се вклопуваат во ниту една посебна категорија. Тредс-скинхеди, познати уште како "тредс", или "Тројан скинхедс", го прифатиле стилот на автентичната скинхед култура од шеесеттите години. Ои! Скинхедси - под силно влијание на панк поткултурата на седумдесеттите години, најчесто имаат кратко истрижани коси и повеќе тетоважи по телото отколку скинхед стилот од шеесеттите години, носат повисоки и тешки кожни чизми со голем ѓон, тесни тексас фармерки и облека која е помалку инспирирана од модовите за разлика од тредс скинхедсите. Хардкор скинхед стилот кој потекнува од осумдесеттите години во Соединетите Американски Држави исто така има поголема слобода во начинот на облекување отколку таа на првата генерација на скинхедси.

Повеќето машки скинхедси во шеесеттите години ги потстрижувале своите коси кратко со #2 или #3 (доволно кратко,но не сосема избричани глави). Почнувајќи во доцните седумдесетти години, машките скинхедси најчесто ја стрижеле главата со #2 или уште пократко. Од 1980 година некои од нив дури се сосема ќелави и имаат избричени глави. Повеќето немаат мустаќи или брада, но некои посветуваат внимание на уредување на сопствените бакенбарди.

Во шеесеттите години, повеќето скинхедси од женскиот пол имаат фризура како модовите. Во текот на скинхед преродбата во осумдесеттите години, повеќето скинхедси од женски пол имаат "федркатс" фризура(позната уште и како "Челзи" во Северна Америка). "Федркатс" e кратка истрижена коса со шишки на предниот, задниот и страничниот дел на главата. Некои од нив имаат пократка панк фризура, речиси целосно избричени глави оставајќи само шишки на предниот дел од главата.

Во зачетоците на скинхед поткултурата, некои од скинхедсите одлучуваат врвките на своите високи кожни чизми да бидат со бојата од фудбалскиот тим што го поддржуваат. Подоцна, некои од нив (особено оние политичко-идеолошко определените) преку бојата на врвките ја означуваат својата припадност и верувања. Во некои случаи , бојата на трегерите и бојата на фаерките (флајт џекетс) се користат за означување на припадноста. Конкретните бои избрани од припаднинците на соодветната поткултура се разликуваат во различни региони и имаат сосема поинакво значечење во различни области и периоди. Само скинхедсите од ист временски период и област можат да протолкуваат што точно означуваат боите. Во пракса, употребата на конкретни бои на врвките од чизмите или облеката за да се покаже припадноста кон нешто/некого станаа реткост, особено помеѓу традиционалните скинхедси, кои едноставно ги избираат боите од модни причини.

Следнава листа ги опишува повеќето видови облека која е распространета помеѓу скинхедсите:

Маици:

уреди

Маици со кратки и долги ракави или поло маици од брендовите како што се Бен Шерман, Фред Пери, Брутус,Вориор или Џејтекс. Маици и дуксери од брендовите Лонсдејл или Еврласт. Маици со јаки, дуксери со деколте со V-изрез, дуксери без ракави, волнени џепмери. Маици (со натписи и слики поврзани со скинхед поткултурата). Некои Ои! Скинхедси и оние коишто се хардкор ориентирани, особено во Северна Америка, практикуваат да носат бели маици по прерамки-рамбовки.

Капути, јакни и костуми:

уреди

Спортско сако "блејзрс", MA-1 тип на фаерки (популарни брендови Алфа и Вориор)(најчесто зелени или црни), "Деним Џекетс"(најчесто сини),"Харингтонки","Донки Џекетс", "Манки Џекетс", "кромби" стил мантили, "Шипскин" 3/4 долго палто, "Паркас" . Традиционалните скинхедси обично носат костуми направени од двобојна ткаенина (блескава волна - како материјал кој ја менува бојата под различни светла и агли). Жените: исто како и мажите, само со додаток на поелегантнен "костум"- составен од 3/4 долг а јакна и кратко здолниште.

Панталони:

уреди

"Ста прист панталони", Фармерки(Левис,Ли и Вранглер),"перелел лег", порабени панталони, војнички пантолони - маскирни. Тексас фармерките или панталоните се носат намерно кратко со цел да се гледаат чизмите, или да се познаваат чорапите кога се носат мокасинки. Тексас фармерките најчесто се сини, понекогаш испрскани со белило и варикина за да личат на маскирни панталони (особено популарни помеѓу Ои! Скинхедсите). Жените: истите тексас фармерки и пантолони како и мажите, женски долги чорапи натколенки и здолниште. Некои скинхед-девојки носат мрежести хулахопки или чорапи и мини здолништа, стил воведен за време на скинхед-преродбата под влијание на панкот.

Обувки:

уреди

Чизми, војнички чизми со голем ѓон или работнички чизми со кожа, чизмите и обувките од брендот "Доктор Мартинс", мокасинки и "броугс". За време на шеесеттите години чизмите со челик на предниот дел биле нарекувани уште и "бауер бутс". Сјудхедсите понекогаш носеле чорапи во различни бои како црвена, портокалова и зелена. Во изминативе години, други брендови на кожни чизми со висок ѓон како што се "Соловеир", стануваат популарни помеѓу скинхедсите од причина што чизмите од брендот "Доктор Мартинс" и "Грајндерс" не се произведуваат повеќе во Англија. Спортски обувки од брендот на Адидас станаа особено популарни помеѓу некои скинхедси. Жените: "манки бутс" и истите обувки како и мажите.

Капи:

уреди

"Трилби хет" ,"порк пај хетс", качкети, волнени зимски капи. Поретко се носат шешири (најчесто се среќаваат кај Сјудхедсите и оние коишто имаат влијание од филмот „Пеколен портокал“). Трегери: Трегери (познати уште и како "саспендрс" во Северна Америка) во најразлични бои, обично не подебели од еден инч, потсечени на коланот на панталоните. Во некои области, трегерите коишто се пошироки од вообичаеното можат да го дефинираат скинхедот или како старомоден и немодерен или со расистички и неонацистички погледи. Традиционално, трегерите се носат во облик на Х и Y на грбот од телото, но некои од Ои! Скинхедсите практикуваат да ги носат спуштени своите трегери.

Марами:

уреди

Свилени марамчина во горниот џеб на кромби капутот или "тоник сут џекет", во некои случаи затворени со убава нитна. Подоцна "покет флешес" стануваат популарни. Овие биле парчина од свила во контрастни бои прикачени на парче картон дизајнирано да изгледа како детално здиплено марамче.

Значки и шалови:

уреди

Беџови или прешивки со текст и слики поврзани со скинхед поткултурата во целина, бендови, припадност или политички убедувања. Волнени шалови испечатни со боите на фудбалските клубови, заврзани на вратот, рачниот зглоб или висејќи прикачен на ременот на половината.

Чадори:

уреди

Дел од Сјудхедсите носат затворени чадори со остри врвови или дршка со додаток на нож. Ова е причина за нивниот прекар "браили бојс".

Тетоважи:

уреди

Тетоважите биле популарни во поткултурата на скинхедсите уште од преродбата во седумдесеттите години. Во осумдесеттите години во Британија, можеле да се сретнат скинхедси со тетоважи по нивните лица и чела иако денеска ова не е вообичаено. Воглавно, некои од нив имаат тетоважи со текстови и мотиви од скинхед поткултурата, изразувајќи ја својата припадност и политичката определба.

Музика

уреди

Скинхед поткултурата на своите почетоци, беше поврзана со популарните музички жанрови од црниците како што се соул,ска,рокстеди музиката и првобитното реге. Поврзаноста помеѓу скинхедсите и музиката од Јамајка доведе до развој на скинхед реге стилот како жанр предводен од музичарите како Десмонд Декер, Дерик Морган, Лаурел Аиткен, Симареп и Д Пајониарс.

Во раните седумдесетти години дел од реге музичарите во своите песни почнуваат да толкуваат и обработуваат теми поврзани со супериорноста на црната раса, во кои многу бели скинхедси не можеле едноставно да се вклопат. Овие промени во тематиките на реге песните создаде една тензија помеѓу скинхедсите од различна раса(црни и бели), кои пред тоа заедно беа како една целина. Во тоа време некои припадници на Сјудхедсите (како огранок на скинхед поткултурата) започнаа да слушаат глем рок бендови од Британија како што се Д Свит, Слејд и Мут д хупл.

Најпопуларниот стил помеѓу скинхедсите во доцните седумдесетти години беше музичкиот стил "Ту тон", фузија и микс од ска,рокстеди,поп,реге и панк рок музиката. Жанрот своетото име го доби по истоимената издавачка куќа "Ту тон рекордс" од Ковентри, Англија, за која имаа потпишано договори бендовите Д спешлс, Меднес и Д селектр. Некои скинхедси во доцните седумдесетти години претпочитаа да слушаат и им се допаѓаа бендовите како Шем69 и Менас.

Исто така кон крајот на седумдесеттите години, после првиот еуфорија на панк рокот, голем дел од скинхедсите ја прифатија Ои! музиката, поджанр на "воркинг клас" панкот. Музички , Ои! жанр е комбинација од првобитниот панк со елементи на фудбалски навивачки скандирања, паб рок и британскиот глем рок. Ои! сцената беше делумен одговор на чувството, кон многуте двигатели и учесници во почетоците на панк сцената, во зборовите кои ги кажа гитаристот Стив Кент од бендот Д бизнис: "модерните академски луѓе користат долги зборови обидувајќи се да звучат уметнички...губејќи го допирот со светот". Терминот Ои! како музички жанр се претпоставува дека доаѓа од бендот "Кокни риџектс" и новинарот Гери Бјушл, кој се залагал за истоимениот жанр во списанието "Саундс магазин". Овој правец не е само жанр на скинхедсите, во повеќето Ои! бендови се вклучени не само скинхедси туку и панкери и луѓе кои кои не се вклопуваат во ниту една од овие категории, (понекогаш нарекувани "хрбртс"). Значајни Ои! бендови од доцните седумдесетти и почетокот на осумдесеттите години се Анџелик апстартс, Блиц, Бизснис, Ласт ризорт, Бјуриал , Комбат 84 и Д фор скинс.

Американскиот Ои! започна во осумдесеттите години со бендовите како Д пресс, Ајрон крос,Брусерс и Анти-хирос. Американските скинхедси создадоа врска помеѓу својата поткултура и хардкор панк музиката со бендовите како Варзон, Агностик фронт и Кро-мегс. Секако Ои! стилот се распрска насекаде низ светот и стана поуларен помеѓу скинедсите. Подоцнежните Oi! бендови почнаа да ги комбинираат влијанијата во својата музика од американскиот хардкор и британскиот "стритпанк" на седумдесеттите години. Иако повеќето расистички определени "вајт паувр скинхедс" ја слушале Oi! музиката, сепак истите развија свој посебен жанр во иста линија со своите политички определби: "рок-музика против комунизмот". Најзначаен "РАК" бенд е несомнено "Скрудрајвер", кој во своите почетоци бил политички неопределен панк бенд но подоцна еволуира во "нео-наци" бенд по распадот на оригиналната постава. Музичкиот жанр "РАК" музички беше сличен со "Ои!" и со панкот но подоцна воведе елементи и од другите жанрови. "Вајт паувр" музиката која во одредени сегменти звучи слично со хардкорот уште се нарекува и хејткор.

Расизам, анит-расизам и политика

уреди

Во доцните шеесетти години, некои скинхедси во Обединетото Кралство (вклучувајќи ги и скинехдсите од црната раса), беа инволвирани во насилствата против имигрантите од Јужна Азија (чин познат како "Паки башинг" на сленг). Исто така мора да се споменат и скинедсите со анти расистички пароли и лево ориентираните скинхедси од самите зачетоци на оваа поткултура, во пределите на Шкотска и северна Англија. Првотбитните скинхедси не беа дел од ниту едно политичко движење, но во текот на седумдесеттите години некои од нив ги усогласија своите ставови и се приклучија на расистичките националисти од "Нејшнл фронт". Како поминуваа седумдесеттите години, насилството на расистички мотивираните скинхедси во Обединетото Кралство стана повеќе политичко, а ектремните групации со десничарски погледи како "Нејшнл Фронт" и "Бритиш мувмент" увидоа зголемување на бројот на расистички определените "вајт паувр" скинхедси во своите редови. До крајот на седумдесеттите години, масовните медиуми и пошироката јавност, во голема мера започнаа да ја гледаат скинхед поткултурата како промовирање на расизмот и нео-нацизмот. Поткултурата на овие т.н "вајт паувр и нео-наци скинхедси се прошири низ Северна Америка, Европа и останатите делови од светот. Мејнстрим медиумите започнаа да го користат терминот скинхед во извештаите за расистичкото насилство (без разлика на тоа дали сторитол е воопшто скинхед). Ова одигра огромна улога во погледот на пошироката јавност за скинхед поткултурата. Три позначајни групации кои се формираа во осумдесеттите години и започнаа да се поврзуваат со т.н "вајт паувр" скинхедси, се : "Вајт ериан ресистeнц", "Блад ан хонор" и "Хамерскинс". Сепак повеќето скинхедси и сјудхедси кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години во Обединетото Кралство, одбија да се определат на екстремни десничари и екстремни левичари. Овој анти-екстремистички став и гледиште беше музички поткрепено од Oi! бендовите како Кокни Риџектс,Д фор скинс, Тој долс, и Бизнис. Две најзначајни групации на скинхед поткултурата кои отворено зборуваа против нео-нацизмот и политичкиот екстремизам - воедно поддржувајќи ја традиционалната култура на скинхедсите - беа "Глазгов спај кидс" во Шкотска (кои ја сковаа популарната фраза "Спирит оф 69") и издавачите на списанието "Хард ес неилс зин" во Англија. Во Соединетите Американски Држави, анти-расистичките настроени скинхедси се спротивставија на нео-нацистичкиот стереотип со создавањето на организациите како "Д минеаполис балдин" формирана 1986, "Скинхедс агејнст рејшл прџудис" (ШАРП) (Скинхедси против расни предрасуди) која е основана во Њујорк ов 1987 година и раширена во многу други земји, и "Анит-расист екшн" (ARA) која е формирана кон крајот на осумдесеттите години од членови на "минеаполис балдин".

Скинхедсите со екстремно левичарски погледи, "редскинс" и анархистички скинхедси имаат анти-расистички како и ставови поврзани со моќта на работничката класа. Во Обединетото Кралство, две групации со значителен број членови од левичарско настроените скинхедси се: "Ред екшн" која отпочна со работа во 1981, и "Анти фашист екшн" (анти фашистичка акција) која се формира 1985. На меѓународно ниво, најзначајни организации на левичарско настроени скинхедси се "Ред енд анархист скинхедс", формирана во Њуjорк во 1993 а подоцна проширена низ целиот свет.

Во Соединетите Американски Држави, козерватизмот е честа појава во скинхед сцената, расистички неопределени скинхедси со десничарски и анти-комунистички ставови,ги возвишуваат американските воени акции изразувајќи противење кон модерниот либерализам.

Надворешни врски

уреди
  • Daniel, Susie and Peter McGuire et al. The Painthouse: Words from an East End Gang. Penguin Books: Harmondsworth, Middlesex, England, 1972.
  • Davis, John. Youth and the Condition of Britain: Images of Adolescent Conflict. Athlone Press, NJ. 1990
  • Hebdige, Dick. Subculture: The Meaning of Style. London: Fletcher & Son ltd, 1979.
  • Osgerby, Bill. Youth in Britain since 1945. Blackwell Publishers: Malden, Massachusetts, 1998.
  • Osgerby, Bill. Youth Media London: Routledge, 2004.
  • Pearson,Geoff. “’Paki-Bashing’ in a North East Lancashire Cotton Town: A case study and its history” Working Class Youth Culture. Routledge & Kegan Paul: London. 1976. 50.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Brown, Timothy S. (2004). „Subcultures, pop music and politics: skinheads and "Nazi rock" in England and Germany“. Journal of Social History. Архивирано од изворникот на 2008-12-23. Посетено на 2015-10-06.
  2. Godfrey, John (September 1988). „Ska Party“. Skinheadheaven.org.uk. Архивирано од изворникот на 2010-04-07. Посетено на 2015-10-06.
  3. Rawlings, Terry (2000). Mod: A Very British Phenomenon. London: Omnibus Press. ISBN 0-7119-68136.
  4. „Articles from“. Modculture.com. Архивирано од изворникот на 2010-11-26. Посетено на 31 August 2010.
  5. Edwards, Dave. Trojan Mod Reggae Box Set liner notes. London: Trojan Records. TJETD020.