Чизми
Чизми се предмет за облекување, кој служи за заштита на стапалото но и подклолениците од надворешните влијанија. Во суштина тие се вид на чевли, чија основна одлика е поголема длабочина.

Историја Уреди
Најраните чизми биле составени од два дела, долниот кој бил споредуван со обичните чевли и горниот направен од некој потопол материјал. Околу 1000 година пред новата ере, овие два дела се составиле и така настанале денешните чизми. Секако развојот на чизмите се долгува на народите кои живееле на крајниот север пред сè на Русите, но и на Скандинавците и други. Во 17 век во Европа чизмите добиле пред сè војнички стил. Во новото време тие стануваат и моден детал па се развиваат чизми со потпетица [1].
Видови Уреди
Чизмите во зависност од намена можат да се прават од најразлични материјали: кожа, волна, платно, гума, синтетички материјали и др. По големина чизмите можат да бидат: надколенки, подколенки и плитки чизми. Исто така постои и поделба според намената, односно на места на кои можат да се користат. Со оглед на конструкцијата и доколку се користат соодветни материјали чизмите можат да бидат и заштитни пред сè во градежништвото, кај пожарникарите и слично.[2]
Галерија Уреди
-
Женски чизми
-
Рибарски чизми
-
Војнички чизми
-
Каубојски чизми
-
Работни чизми
Наводи Уреди
- ↑ „Čizme sa potpeticom » Obuća » Žene » Lookbook » Fashion.hr lookbook“. Архивирано од изворникот на 7 август 2013. Посетено на 12 септември 2013.
- ↑ ekapija - Vatrogasci Hong Konga u pirotskim čizmama - korporacija "Tigar" ulaže u fabriku za reciklažu otpadnih guma i novu fabriku hemijskih proizvoda