Семрежни бои

бои што се користат во изработката на мрежни страници
(Пренасочено од Семрежна боја)

Семрежни бои (англ. web colors) — бои кои се користат во изработката на страници на семрежјето и методите на нивно опишување. Шеснаесетеречните (хексадецимални) кодови на боите почнуваат со тараба (#).[1][2]

Изработувачите на страниците имаат најразлични можности за задавање на саканите бои на елементите во нив. Боите можат да се зададат како RGB-тројки во шеснаесетеречен формат (hex triplet), но во некои случаи и според нивните вообичаени англиски изрази. За утврдување на бојните вредности се користи алатка за бои или друг графички програм.

Првите верзии на прелистувачите Mosaic и Netscape Navigator користеле називите од системот X11 како основа на списоците на бои, бидејќи обете започнале со работа на X Window System.[3]

Семрежните бои имаат недвосмислено колориметриско толкување (sRGB) што се однесува на хроматичностите на дадено фосфорно множество, извесна крива на пренос, прилагодлива целна белина и услови за гледање.[4] Овие се избрани како слични на вистинските монитори и услови, па така дури и без раководство со боите, исцртувањето е прилично блиско до укажаните вредности. Меѓутоа корисничките вршители се разликуваат во верноста со која ги прикажуваат боите. Понапредите користат раководство со боите за да добијат на верност, што е мошне значајно во услови кога прикажаното треба да се печати.

Шеснаесетеречна тројка

уреди

шеснаесетеречна тројка (хексадецимална тројка, hex triplet) е шестцифрен трибајтен шеснаесетеречен број што се користи во HTML, CSS, SVG и други системи за претставување на боите. Бајтите ги претставуваат црвениот, зелениот и синиот дел од бојата. Еден бајт претставува број во опсег од 00 до FF (шеснаесетеречно) или од 0 до 255 (десетично), при што бројот ја изразува јачината на секој дел од бојата. Така, семрежните брои ги претставуваат боите во „вистинска“ (24-битна RGB) шема. Шеснаесетеречната тројка се образува со составување на три бајти во шеснаесетеречен запис, по следиов редослед:

бајт 1: црвена вредност
бајт 2: зелена вредност
бајт 3: сина вредност

На пример, да земеме боја каде вредностите црвена/зелена/сина се десетични броеви: црвена=36, зелена=104, сина=160 (сивкаста сина боја). Десетичните (декадни) броеви 36, 104 и 160 се истоветни со шеснаесетеречните броеви 24, 68 и A0. Тројката се добива со спојување на шесте шеснаесетеречни цифри 2468A0, во овој пример.

Теба да се напомене дека ако една од трите бојни вредности е помала од 16 (десетично) или 10 (шеснаесетеречно), тогаш мора да се претстави со предзнак нула, бидејќи тројката секогаш мора да има шест цифри. На пример, десетичната тројка 4, 8, 16 се претставува шеснаесетеречно како 04, 08, 10, образувајќи ја шеснаесетеречната тројка 040810.

Бројот на боите што може да ги претстави овој систем изнесува 256 × 256 × 256 = 16 777 216.

Понекогаш среќаваме скратен трицифрен шеснаесетеречен облик.[5] Кратенката потоа може да се разложи во стандардниот шестцифрен облик со едноставно удвојување на секоја цифра: 09C станува 0099CC. Ова ѝ овозможува на секоја бојна вредност да го покрие полниот опсег од 00 до FF.

Трицифрениот облик важи за CSS, но не и за HTML. Поради ова, некои прелистувачи не можат да протолкуваат ваква боја како важечка доколку овој облик е употребен било кој атрибут освен „style“.

Претворање на RGB во шеснаесетеречен запис

уреди

Вредностите на тројката (RGB) обично се дадени во опсегот 0–255; доколку се наведени во опсегот 0–1, вредностите се множат со 255 пред претворањето. Овој број се дели со 16 (целобројно, занемарувајќи го остатокот) и така ја добиваме првата шеснаесетеречна цифра (помеѓу 0 и F, каде буквите од A до F ги претставуваат броевите од 10 до 15). Остатокот ни ја дава втората шеснаесетеречна цифра. На пример RGB-вредноста 201 се дели на 12 групи од по 16, па затоа првата цифра ќе биде C. Остатокот 9 го дава шеснаесетеречниот број C9. Истото се повторува за секоја од трите бојни вредности.

HTML-називи на боите

уреди

Одредбите наHTML 4.01[6] ги дават следниве шеснаесет именувани бои:

Називи на боите во CSS 1–2.0 / HTML 3.2–4 / VGA
Назив Хекс. тројка Црвена Зелена Сина Тон Засит Светл Засит Вредн CGA-број (назив); алијас
бела #FFFFFF 100% 100% 100% &10000000000000000000000 0% 100% 0% 100% 15 (white)
сребрена #C0C0C0 75% 75% 75% &10000000000000000000000 0% 75% 0% 75% 07 (light gray)
сива #808080 50% 50% 50% &10000000000000000000000 0% 50% 0% 50% 08 (dark gray)
црна #000000 0% 0% 0% &10000000000000000000000 0% 0% 0% 0% 00 (black)
црвена #FF0000 100% 0% 0% &10000000000000000000000 100% 50% 100% 100% 12 (high red)
темнокостенлива #800000 50% 0% 0% &10000000000000000000000 100% 25% 100% 50% 04 (low red)
жолта #FFFF00 100% 100% 0% &1000000000000006000000060° 100% 50% 100% 100% 14 (yellow)
маслинеста #808000 50% 50% 0% &1000000000000006000000060° 100% 25% 100% 50% 06 (brown)
лиметна #00FF00 0% 100% 0% &10000000000000120000000120° 100% 50% 100% 100% 10 (high green); green
зелена #008000 0% 50% 0% &10000000000000120000000120° 100% 25% 100% 50% 02 (low green)
вода #00FFFF 0% 100% 100% &10000000000000180000000180° 100% 50% 100% 100% 11 (high cyan); cyan
берија #008080 0% 50% 50% &10000000000000180000000180° 100% 25% 100% 50% 03 (low cyan)
сина #0000FF 0% 0% 100% &10000000000000240000000240° 100% 50% 100% 100% 09 (high blue)
тегет #000080 0% 0% 50% &10000000000000240000000240° 100% 25% 100% 50% 01 (low blue)
фуксија #FF00FF 100% 0% 100% &10000000000000300000000300° 100% 50% 100% 100% 13 (high magenta); magenta
пурпурна #800080 50% 0% 50% &10000000000000300000000300° 100% 25% 100% 50% 05 (low magenta)

Овие 16 бои биле означени како sRGB во HTML 3.0, со образложението дека се „стандардните 16 бои што ги поддржува VGA-палетата на Windows.“[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Niederst Robbins, Jennifer. Web Design in a Nutshell, стр. 103.
  2. York, Richard. Beginning CSS, стр. 71–72.
  3. Водич за графика[мртва врска] - SP LUS (англиски)
  4. Digital Color Imaging Handbook By Gaurav Sharma. ISBN 084930900X
  5. Боен модул CSS3 (англиски)
  6. HTML 4.01 - 6.5 „Бои“ (англиски)
  7. HTML 3.2 - „Елементот BODY“ (англиски)

Надворешни врски

уреди