Берија — нискозаситена боја, синчесто-зеленкаста боја слична на синозелената и темнотиркизната. Со добива со мешање на зелена и сина на основа на бела боја, по потреба затемнувајќи ја со црна или сива.[3] Комплементарна боја на беријата е корално-розовата.[3] Беријата е една од шеснаесетте основни семрежни бои на HTML/CSS, утврдени во 1987.

берија
За координативе     Бојни координати
Хекс. тројка#008080
sRGB1    (r, g, b)(0, 128, 128)
HSV       (h, s, v)(180°, 100%, 50[1]%)
ИзворHTML/CSS[2]
1: Нормализирано на [0–255]

Името го добила по бојата околу очите на патката берија или „крѓа“ (Anas crecca). [4][5]

Нијанси на берија

уреди
бериска сина
      Бојни координати
Хекс. тројка#367588
sRGB1    (r, g, b)(54, 117, 136)
ИзворBravo9.com - Плошер
1: Нормализирано на [0–255]
 
Патка берија (A. crecca)

Бериска сина е среден тон на берија со поголема доза на сина боја.

Разните светли и подлабоки сини тонови и зеленкасти берии се користат во модната индустрија, внатрешното уредување, индустриското и графичкото уредување. Извор на оваа боја е системот „Плошер“ (Plochere Color System) осмислен во 1948, кој наоѓа широка примена во внатрешното уредување.

Симболика

уреди

Меѓу попознатите примени на беријата е како боја на движењето против сексуално злоставување на жените.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Web.forret.com, Color Conversion Tool set to hex code of color #008080 (Teal):
  2. Боен модул TR CSS3 на W3C, клучни зборови за бои на HTML4 (англиски)
  3. 3,0 3,1 Paint-N-Stain INC. „Каква боја е беријата (teal) и која боја ѝ е складна?“. Painting and Decorating Concourse. Посетено на 5 декември 2011. (англиски)
  4. Некритички список на птиците во Македонија - 39. „патка берија“ (Anas crecca)
  5. Norman, Teresa (2003). A World of Baby Names. Perigee. стр. 145. ISBN 0399528946.