Седум врвови
Седум врвови (англиски: Seven Summits) — збирен поим за највисоките планини на секој од седумте континенти на светот. Искачувањето на сите нив се смета за голем предизвик во планинарството. Прв нивен освојувач бил Ричард Бас, кој ги искачил сите на 30 април 1985 г.[1]
(6.194 м)
(4.810 м)
(5.642 м)
(8.848 м)
(5.895 м)
(6.961 м)
(4.892 м)
(2.228 м)
(4.884 м)
Басов и Меснеров список
уредиПрвиот список на седум врвови го осмислил самиот Ричард Бас („Басов список“), одбирајќи ја Кошќушко за највисока планина во Австралија (2.228 м). На ова се надоврзал познатиот алпинист Рајнхолд Меснер („Меснеров список“), заменувајќи го Кошќушко со Пунчак Џаја (4.884 м) во Индонезија. Монблан е отсутен од двата списока. Меснеровиот се смета за потежок за искачување бидејќи Пунчак Џаја (Карстенсова Пирамида) е вистински планинарски предизвик, додека пак Кошќушко се искачува по благи стрмнини.
Седум врвови (подредени по височина) | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Врв | Бас | Меснер | Надм. вис. | Истакнатост | Континент | Венец | Земја | Прво освојување |
Монт Еверест | ✔ | ✔ | 8.848 м | 8.848 м | Азија | Хималаи | Непал / Кина | 1953 |
Аконкагва | ✔ | ✔ | 6.961 м | 6.961 м | Јужна Америка | Анди | Аргентина | 1897 |
Денали | ✔ | ✔ | 6.194 м | 6.144 м | Северна Америка | Алјаски Венец | САД | 1913 |
Килиманџаро | ✔ | ✔ | 5.895 м | 5.885 м | Африка | — | Танзанија | 1889 |
Елбрус | ✔ | ✔ | 5.642 м | 4.741 м | Европа | Кавказ | Русија | 1874 |
Винсон | ✔ | ✔ | 4.892 м | 4.892 м | Антарктик | Сентинел | — | 1966 |
Пунчак Џаја | ✔ | 4.884 м | 4.884 м | Океанија | Судирман | Индонезија | 1962 | |
Кошќушко | ✔ | 2.228 м | 2.228 м | Австралија | Големи Разводни Планини | Австралија | 1840 |
Поврзано
уредиБелешки
уредиНаводи
уреди- „Statistics, Facts & figures of all 7summiteers: Carstensz, Kosciuszko and combined lists“. 7summits.com. Посетено на 2011-12-25. до декември 2011, 348 освојувачи.
- Bell, Steve; Naar, Ronald; Groen, Nico (2000). Seven Summits. Mitchell Beazley. ISBN 90-246-0606-3.
- Bass, Dick; Wells, Frank; Ridgeway, Rick (1986). Seven Summits. Warner Books. ISBN 0-446-51312-1.
- Hamill, Mike (2012). Climbing the Seven Summits: A Comprehensive Guide to the Continents' Highest Peaks. Seattle: The Mountaineers Books. ISBN 978-1-59485-648-8. Посетено на 18 октомври 2012.
- Morrow, Patrick (1986). Beyond Everest – Quest For the Seven Summits. Camden House. ISBN 0-920656-46-3.
- Krakauer, Jon (1997). Into thin Air. Villard. ISBN 0-385-49208-1.
- „The Seven Summits“. 8000ers.com. Посетено на 2006-08-08.
- „Carstensz Pyramid, the Summit of Oceania“. 7summits.com. Посетено на 2006-08-08.
Надворешни врски
уреди- 3Д прошетка по седумте врвови — Virtual Earth (англиски)
- 7summits.com — портал на седумте врвови со обемни информации (англиски)
- Есеј за критериумите на избор на седумте врвови (англиски)