Денали

највисока планина во Северна Америка

Денали (којуконски: Denali = „Висока“); до 2015 г. Макинли (англиски: Mount McKinley)[4] — највисока планина во Северна Америка, чиј врв е на надморска височина од 6.168 м и има најголема самостојна висина (од основата до врвот) од сите планини што се издигаат исклучиво над морското ниво.[5] Планината го зазема третото место по истакнатост во светот, по Монт Еверест и Аконкагва. Сместена е во Алјаскиот Венец, во внатрешноста на сојузната држава Алјаска и претстаува главна знаменитост на Националниот парк Денали. Називот „Макинли“ го носела во чест на Вилијам Макинлипретседател на САД од 1897 до 1901 г.

Денали
Denali
Поглед на северната страна на Денали
Највисока точка
Надм. вис.6.168 м  (NGVD 29)[1]
Истакнатост6.144 м [2]
3-та
Заведена какоседум врвови, ултра, највисока во земјата
Географија
Денали на карта

Карта

МестоНационален парк Денали, Алјаска, САД
Матичен венецАлјаски Венец
ТопокартаUSGS Mt. McKinley A-3
Искачување
Прво освојување7 јуни 1913
Хадсон Стак,
Хари Карстенс,
Волтер Харпер
и Роберт Тејтум
Најлесен патпо Западниот Потпорник (искачување по ледник/снег)
Хадсон Стак и Хари Карстенс — водачи на првото успешно искачување на Денали во 1913 г.

Првиот Европеец што ја забележал планината е Џорџ Ванкувер во 1794 г. Во 1903 г. е направен првиот обид за нејзино искачување, но завршил неуспешно. Првото потврдено освојување го напаравиле Хадсон Стак, Хари Карстенс, Волтер Харпер и Роберт Тејтум во 1913 г.[6]

Геологија и особености

уреди

Планината е гранитен плутон која се издигнала поради тектонски притисок од Тихоокеанската и Северноамериканската Плоча, истовремено одронувајќи таложен материјал над и околу планината.[7] Силите што ја создале планината предизвикале и многубројни силни земјотреси во Алјаска и на Алеутските Острови. Денес Тихоокеанската Плоча е сеизмички активна под планината.[8]

 
Поглед на јужната страна на планината

Со висина од 6.168 м, Денали е највисока планина во Северна Америка и се издига 5.500 м. над основата, што значи дека е највисока во светот сметајќи од подножјето.[5] Се издига од накосена рамница на надморска височина од 300-900 м, што значи дека висината ѝ се разликува во зависност од местото на набљудување (во опсег од 0-1000 м).[9] (Од друга страна, Монт Еверест се издига од Тибетската Висорамнина, што значи дека почнува од многу повисоко — 4.200 м до 5.200 м, па затоа Монт Еверест е самостојно висок само 3.700 до 4.700 м. наспроти самостојните 5.500 м на Денали[10] Сепак, Денали има само половина од самостојната висина на вулканот Мауна Кеја (10.020 м), но голем дел од планината е под вода.[11]

Врвови и ледници

уреди

Денали има два поважни врва: Јужниот (повисокиот) и Северниот, на н.в. од 5.934 м[7] и топографска истакнатост од околу 387 м.[12] Северниот понекогаш се смета за посебен, но ретко се искачува, освен од северниот приод.

По страните на планината се протегаат пет поголеми ледници: Питерс (северозападна страна), Малдроу (североисточна), Тралејка (источна), Рут (југоисточна) и Кахилтна (југозападна).[13][14]

Искачување

уреди

Планината денес редовно се искачува. Во 2003 г. до врвот успешно стигнале 58% од планинарите, со вкупно 100 жртви за период од еден век.[15] Највеќето планинари се искачуваат преку Западниот Потпорник, пронајдена во 1951 г. од истражувачот Бредфорд Вошберн,[6] по внимателни и опширни анализи на авионски снимки. Искачувањето трае 2-4 недели.

Околни планини

уреди
 
Источната страна на Денали гледана од Националниот парк Денали

Во околината на Денали се наоѓаат следниве планини:

  • Форакер
  • Силвертрон
  • Хантер
  • Хантингтон
  • Дики
  • Лосов Заб (Мусес Тут)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Херц, Натаниел (11 септември 2013). „Со новиот премер, надморската височина на Макинли се намалува за 80 стапки (24,4 м)“. Anchorage Daily News. Архивирано од изворникот на 2013-09-12. Посетено на 11 септември 2013. (англиски)
  2. „Денали, Алјаска“. Peakbagger.com. Посетено на 2010-02-01. (англиски)
  3. „Mount McKinley“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 2010-01-20. (англиски)
  4. „Senate Report 113-93 - Designation of Denali in the State of Alaska“. U.S. Government Publishing Office. 2013-09-10. Посетено на 2015-08-31.
  5. 5,0 5,1 Helman, Adam (2005). The Finest Peaks: Prominence and Other Mountain Measures. Trafford. стр. 9. ISBN 1412236649.
  6. 6,0 6,1 Roberts, David (2007). „The Geography of Brad Washburn (1910-2007)“. National Geographic Adventure. Посетено на 2013-03-04.
  7. 7,0 7,1 Бриз, П. (мај 2003). „Гео-ЧПП бр. 1 — Општи геолошки особености“ (PDF). Служба за национални паркови на САД. Посетено на 2013-03-17. (англиски)
  8. Хенсон, Роџер А. „земјотресно и сеизмичко набљудување на Националниот парк Денали“ (PDF). Служба за национални паркови на САД. стр. 23–25. Посетено на 2013-03-17. (англиски)
  9. Кларк, Лисл (2000). „NOVA: Преживување на Денали — Мисија“. NOVA. Public Broadcasting Corporation. Посетено на 2007-06-07.
  10. Mount Everest (Map). 1:50.000. Картографија: Bradford Washburn. 1991. ISBN 3-85515-105-9. Изготвена за Научниот музеј во Бостон, Швајцарскиот фонд за алпски истражувања и Националното географско друштво
  11. „Планини: Највисоки точки ан Земјата“. National Geographic. Посетено на 2013-03-17. (англиски)
  12. „Mount McKinley-North Peak, Alaska“. Peakbagger.com. Посетено на 2013-03-18. (англиски)
  13. „Национален парк Денали“. AreaParks. Архивирано од изворникот на 2013-04-10. Посетено на 2013-03-18. (англиски)
  14. „Национален парк Денали“. PlanetWare. Посетено на 2013-03-18. (англиски)
  15. Гликман, Џо (24 август 2003). „Човекот против Големата“. New York Times. Посетено на 2010-09-25. (англиски)

Надворешни врски

уреди