Кошќушко (планина)

највисока планина во Австралија

Кошќушко (англиски: Mount Kosciuszko, од полски: Kościuszko) — планина во венецот Снежни Планини на територијата на Националниот парк Кошќушко во Нов Јужен Велс, Австралија. Со висина од 2.228 м, ова е со највисоката планина во Австралија (не сметајќи ги надворешните територии).[1] Наречена е по во чест на полскиот национален херој и војсководец во Американската војна за независност, Тадеуш Кошќушко (1746-1817), кое ѝ го дал полскиот истражувач Павел Едмунд Стшелецки во 1840 г. поради тоа што по облик му личела на истоимената тумба во Краков.[2]

Кошќушко
Mount Kosciuszko
Источната страна на Кошќушко
Највисока точка
Надм. вис.2.228 м AHD[1]
Истакнатост2.228 м
Заведена какоседум врвови, ултра
Друго имеMount Kosciuszko
Географија
Кошќушко на карта

Карта

ПокраинаAU-NS
Матичен венецГолеми Разводни Планини
Искачување
Прво освојување1840 од Павел Едмунд Стшелецки
Најлесен патпешачење (козја патека)

Вровот и околните предели се под снег во зима и пролет (обично од почетокот на јуни до крајот на октомври и подоцна).

Националниот парк Кошќушко ги нуди најблиските скијачки центри до градовите Канбера и Сиднеј: Тредбо, Шарлот Пас и Перишер Блу. Можно е планината да била искачена од Абориџините долго пред доселувањето на Европејците.

Во декември секоја година се одржува ултрамаратонска трка „Од брегот до Кошќушко“ (Coast to Kosciuszko) во должина од 240 км — од морето до самиот врв на планината.[3]

Повисоки планини на австралиска територија

уреди

Постојат две повисоки планини на австралиска територија, кои географски не припаѓаат на самиот австралиски континент:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Национален парк Кошќушко“. Национални паркови на Австралиските Алпи. Посетено на 13 јуни 2009. (англиски)
  2. „Изведени топоними во Австралија“. Wikiski.com. 8 април 2011. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 18 јуни 2012. (англиски)
  3. „Од брегот до Кошќушко“. Coast2kosci.com. Посетено на 18 јуни 2012. (англиски)

Надворешни врски

уреди