Сајлент Хил: Откровение

Сајлент Хил: Откровение (англиски: Silent Hill: Revelation) — филм на ужасите на Мајкл Џеј Басет, продолжение на трилерот од 2006 г. „Сајлент Хил“ со Рада Мичел и Џодел Ферланд во главните улоги. Сценариото на филмот е засновано на заплетот на компјутерската игра Silent Hill 3. Премиерата се одржала во САД на 26 октомври 2012 г. Режисерот и сценаристот на претходниот филм не учествувале во производството на продолжението. Снимањето се одвивало од март до мај 2011 г. во Торонто. Басет отстапил од заплетот на играта и првиот филм, градејќи ја приказната на начин што го оставил вториот филм во голема мера самостоен.

„Сајлент Хил: Откровение“
Плакатот на македонски
РежисерЕм Џеј Басет
Продуцент
СценаристЕм Џеј Басет
Главни улоги
МузикаАкира Јамаока
Џеф Дана
КинематографијаMaxime Alexandre[1]
МонтажаМишел Конрој[1]
Студио
Дистрибутер
Премиера26 октомври 2012 г. (Канада)
28 октомври 2012 г. (Франција)
Времетраење95 минути[2]
Земја
Јазик
Буџет20 милиони долари
Бруто заработка55,9 милиони долари
ПретходенСајлент Хил
СледенВраќање во Сајлент Хил

Содржина

уреди

Хедер Мејсон и нејзиниот татко се во бегство, секогаш чекор понапред од опасните сили што таа не ги разбира целосно. Во пресрет на нејзиниот 18-ти роденден, ја прогонуваат ужасни кошмари, нејзиниот татко исчезнува, а Хедер открива дека не знае сѐ за себе. Откровението ја води подлабоко во ѓаволскиот свет што се заканува да ја зароби засекогаш.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Mitchell, Bean and Unger Reunite for Silent Hill: Revelation“. ComingSoon.net. CraveOnline. 15 March 2011. Архивирано од изворникот на 2011-03-17. Посетено на 28 September 2011.
  2. „SILENT HILL - REVELATION“. bbfc.co.uk. British Board of Film Classification. 4 October 2012. Посетено на 5 October 2012.

Надворешни врски

уреди