Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Сарамзалино
Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Сарамзалино. Црквата се наоѓа на влезот од селото, непосредно од десната страна на патот кој води од селото Лозово.
Успение на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Втора светиниколска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°47′14.4″N 21°56′24.1″E / 41.787333° СГШ; 21.940028° ИГД |
Место | Сарамзалино |
Општина | Лозово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Изградба | 14 јануари 2007 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиКамен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 14 јануари 2007 година од страна на митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион.[1]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм, при што куполата има осумаголна основа и на секоја од страните има по една монофора. Монофори има и на ѕидовите од црквата. Влезната врата е на западната страна, а над неа има полукружна фреска на Богородица со Исус. Црквата е градена од камен и е покриена со кров од ќерамиди, додека куполата е покриена со лимен кров. Камбанаријата претставува правоаголна рамка во којашто се наоѓа ѕвоното и се издига од кровот над влезната врата. Дворот на црквата е ограден со камена ограда и метални прегради.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Светиниколски парохии Архивирано на 5 октомври 2017 г.“. Брегалничка епархија.