Самуел Арментерос

Кристијано Самуел Арментерос Нуњес Мендоса (27 мај 1990), познат како Самуел Арментерос, е шведски фудбалер кој игра на позицијата напаѓач.

Самуел Арментерос

Клупска кариера

уреди

Роден во местото Мастугет, Гетеборг, Шведска, од татко по потекло кубанец и мајка швеѓанка, Арментерос се преселил во Холандија на 16-годишна возраст за да се приклучи на младинскиот тим СЦ Херенфен и успеал да влезе во првиот тим под водство на главниот тренер Гертјан Вербек. Тој бил постепено ослободен од тимот на Херенфен во 2009 година. Подоцна избрал да му се придружи на тренерот Вербек во тимот Хераклес Алмело, каде што се докажал како доста надежен напаѓач. Тој успеал да ги постигне своите први голови во Ередивизијата (холандската лига).

Во септември 2015 година, Арментерос потпишал двегодишен договор со актуелниот шампион во Премиер лигата на Азербејџан, ФК Карабаг.[1]

На 29 август 2016 година, Арментерос се вратил во Хераклес Алмело, потпишувајќи едногодишен договор со клубот.[2]

Беневенто

уреди

На 30 август 2017 година, Арментерос потпишал договор со тимот од Серија А, Беневенто.[3] Арментерос долго се мачел во Беневенто, добивал мала минутажа и барал веднаш нов трансфер уште во јануари 2018 година. Пред да замине за Беневенто во август, тој одиграл 45 минути за Б тимот на Хераклес додека се опоравувал од повредата, што значи дека тој официјално играл во тој период за две екипи од календарот на лигата за период есен-пролет. Според правилата на ФИФА, тој подоцна не можел да игра за трета екипа што го користела тој календар.За секој евентуален трансфер ќе треба да оди во некоја друга лига каде се игра според календарот во терминот од пролет до есен.[4][5]

Позајмица на Портланд Тимберс

уреди

Во февруари 2018 година, Арментерос бил позајмен од Беневенто на Портланд Тимберс од Мејџор Лигата на фудбал (МЛС).[6] Тој го постигнал голот на седмицата во МЛС лигата и тоа двапати по ред во месец мај 2018 година.[7] Неговиот договор за позајмица истекол на 31 декември 2018 година и тој се вратил во тимот на Беневенто.[8]

Позајмица на Кротоне

уреди

На 30 јануари 2020 година, тој му се приклучил на тимот на Кротоне како позајмица од Бевененто.

Фуџаира

уреди

На 5 октомври 2020 година, Арментерос потпишал да игра во емиратскиот клуб Фуџаира (Обединети Арапски Емирати).[9]

Меѓународна кариера

уреди

Арментерос играл за шведските У17 за играчи до 17 години, У19 за играчи до 19 години и У21 за играчи до 21 година и тоа вкупно 18 пати. Тој го одиграл својот прв натпревар на меѓународно ниво за тимот на Шведска на 13 јуни 2017 година во пријателскиот натпревар против Норвешка, кој завршил со нерешен резултат од 1:1.[10] Тој, исто така, на тој натпревар го постигнал својот прв гол и тоа по 13 минути откако влегол како замена на играчот Џон Гвидети.[11]

Арментерос за прв пат заиграл на еден официјален натпревар од натпреварувачки карактер за Шведска на 31 август 2017 година во квалификациите за Светското првенство за ФИФА во 2018 против тимот на Бугарија. Тогаш тој влегол во игра во 82ра минута како замена заЈакоб Јохансон во 82ра минута, но натпреварот за жал завршил со пораз од 2-3.[12]

Личен живот

уреди

Арментирос е оден во Шведска. Тој има афро-кубанско потекло.[13]

Статистика за кариерата

уреди

Од одигран натпревар 31 јули 2020

Клуб Сезона Натпревари во Лига Натпревари во Куп Европа Други натпревари Вкупно
Дивизија Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Хераклес Алмело 2009–10 Холандска лига 15 3 0 0 15 3
2010–11 Холандска лига 34 10 1 0 35 10
2011–12 Холандска лига 33 4 5 2 38 6
2012–13 Холандска лига 18 9 3 4 21 13
Вкупно 100 26 9 6 - - - - 109 32
Андерлехт 2012–13 Белгиска лига 3 1 1 0 4 1
2013–14 Белгиска лига 2 0 0 0 1 0 3 0
Вкупно 5 1 1 0 - - 1 0 7 1
Фејнорд 2013–14 Холандска лига 19 1 3 1 2 0 24 2
Вилем 2 2014–15 Холандска лига 29 11 1 0 30 11
Карабаг 2015–16 Азербејџанска Премиер лига 23 7 3 3 6 1 32 11
Хераклес Алмело 2016–17 Холандска лига 29 19 3 2 32 21
2017–18 Холандска лига 1 0 1 0
Вкупно 29 19 4 2 33 21
Бевененто 2017–18 Серија А

Италијанска лига

9 1 9 1
Портланд Тимберс

(позајмен)

2018 МЛС лига

Американска лига

28 8 2 0 30 8
Беневенто 2018–19 Серија Б

Италијанска втора лига

13 4 1 0 14 4
2019–20 Серија Б

Италијанска втора лига

12 2 1 0 13 2
Вкупно 34 7 1 0 0 0 1 0 36 7
Кротоне

(позајмен)

2019–20 Серија Б

Италијанска втора лига

11 3 11 3
Вкупно во кариерата 278 83 23 12 8 1 2 0 311 96

Меѓународени натпревари за Шведска

уреди
Од 31 август 2017 година.
Репрезентација Година Настапи Голови
Шведска 2017 година 2 1
Вкупно 2 1

Меѓународни голови

Резултатот 1 го наведуваат бројот на голови на Шведска, а резултатот 2 ги претставува головите на играчот.
# Дата Локација на одигрување Противник Резултат 1 Резултат 2 Конкуренција
1. 13 јуни 2017 година Улевал Стадион, Осло, Норвешка   Норвешка 1–1 1–1 Пријателски

Наводи

уреди
  1. „Armenteros və Migel Markos Madera 'Qarabağ'da!“. qarabagh.com (азербејџански). FK Qarabağ. 2 September 2015. Посетено на 10 March 2016.
  2. „Samuel Armenteros terug in Almelo“. heracles.nl (холандски). Heracles Almelo. 29 August 2016. Архивирано од изворникот на 2016-11-05. Посетено на 8 September 2016.
  3. „Samuel Armenteros al Benevento“. goal.com. goal.com. 30 August 2017. Посетено на 30 August 2017.
  4. Stejskal, Sam (31 May 2018). „Stejskal: Samuel Armenteros emerges from 'nightmare' to spark the Timbers“. MLS Soccer. Посетено на 31 May 2018.
  5. We spraken Samuel Armenteros over Portland en zijn vriendschap met Romelu Lukaku vice.com
  6. https://www.timbers.com/post/2018/02/09/timbers-acquire-forward-samuel-armenteros
  7. Boehm, Charles (31 May 2018). „Timbers' Samuel Armenteros wins second straight AT&T Goal of the Week award“. MLS Soccer. Посетено на 31 May 2018.
  8. „Portland Timbers announce roster status ahead of 2019 season“. Portland Timbers. 10 December 2018.
  9. „Officiellt: Armenteros flyttar till Förenade Arabemiraten“. fotbollskanalen (шведски). 5 October 2020.
  10. „Samuel Armenteros Nunez Jansson (Svensk Fotboll)“. Svensk Fotboll. Архивирано од изворникот на 2022-11-21.
  11. „Norge - Sverige - Matchfakta - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se (шведски). Архивирано од изворникот на 2021-11-27. Посетено на 2021-02-15.
  12. „Bulgarien - Sverige - Matchfakta - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se (шведски). Архивирано од изворникот на 2021-11-27. Посетено на 2021-02-15.
  13. „Kuba kan blåsa Sverige på 19-årig rekordtalang“. Aftonbladet (шведски). Посетено на 2021-02-15.

 

Надворешни врски

уреди