Чако (шпански: Chaco) е покраина на Аргентина, сместена во северниот дел на земјата во близина на границата со Парагвај. Главен град е Резистенсија на реката Парана. Втор град по големина е Президенсија Роке Саенз Пења.

Чако
Главен град Резистенсија
Површина 99,633 km²
Население 984,446 (2001)
Густина 9.9/km²
Гувернер Хорхе Капитанич
Демоним чакиец (Chaqueño)
ISO 3166-2 AR-H
Палмови дрвја во Ресистенсија

Чако се граничи со покраините Салта и Сантјаго дел Естеро на запад, Формоса на север и исток, Кориентес и Парагвај на југоисток и Санта Фе на југ. Од 1950 до 1955, Чако се нарекувал „Президенте Перон“ (по Хуан Перон).

Административна поделба

уреди

Покраината е поделена на 25 департмани (departamentos).

Надворешни врски

уреди

Поврзано

уреди