Тукуман (покраина)
Тукуман (шпански: Tucumán) — покраина во Аргентина, сместена во северозападниот дел на државата. Главен град е Сан Мигел де Тукуман. Се граничи со покраините Салта, Сантјаго дел Естеро и Катамарка. Нагалено се нарекува El Jardín de la República („Градина на републиката“).
Главен град | Сан Мигел де Тукуман |
Површина | 22,524 km² |
Население | 1,338,523 (2001) |
Густина | 59.42/km² |
Гувернер | Хосе Алперович |
Демоним | Tукуманец |
ISO 3166-2 | AR-T |
Географија
уредиТукуман е најмалата покраина во Аргентина по површина. Највисоката точка е Серо дел Болсон со 5.550 метри.
Таа има топла суптропска клима и обилни дождови во секој нејзин дел.
Најголема река е Сали. Тука се наоѓаат и неколку големи хидроцентрали како „Ел Кадилјал“. која е најважна за таа област, потоа „Ембласе Рио Ондо“ на реката Ондо, „Ла Ангостура“ на реката Рио де лос Соса и „Ескаба“ на реката Марапа.
Стопанство
уредиЕкономијата на покраината се темели на преработката и производството на шеќер, со насади од 2.300 км2, со учество од 60% од производството на шеќер во земјата. Освен тоа тука се одгледува и лимонот (најголем произведувач во светот), јагода, киви, грав, пченка, луцерка и соја.
Присутни се и говедата и овците, но повеќе за домашна употреба.
Административна поделба
уредиПокраината има 17 департмани (departamentos).
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди