Липковско Езеро

(Пренасочено од Липковското Езеро)

Липковското Езеро — значајна хидромелиоративна акумулација во Кумановско. Браната на ова езеро е оддалечена 2 км од селото Липково и 12 км од Куманово. Изградено е во 1958 г. за водоснабдување, наводнување и производство на струја.[1] Акумулацијата се наоѓа на надморска височина од 478 метри, во долината на Липковска Река, десна притока на реката Пчиња. Должината на акумулацијата изнесува 1.480 м, а широчината 120 метри. Има зафатнина од 2,25 милиони м3.[1]

Липковско Езеро
Браната на езерото
Карта
Координати42°10′11″N 21°34′13″E / 42.1697° СГШ; 21.5702° ИГД / 42.1697; 21.5702
Видвештачко
Главни приливиДумановка, Гошинка
Сливни земјиМакедонија
Изградено1958
Најг. должина1,48 км
Најг. ширина0,12 км
Надм. височина478 м
ОстровиЛипковски Остров

Акумулацијата Глажња се наоѓа на 5 км возводно од браната Липково. Овие две акумулации претставуваат систем кој овозможува рекреативности содржани со капење, сончање и риболов. Липковското е помало додека Глажња или уште познато како „Горно Езеро“ е многу поголемо. Покрај самата Липковска Река, настанало со преградување на реките Думановка и Гошинка. Составено е од два крака познати како Думановски и Гошински крак. На 350 метри низводно по езерото може да се забележи мал остров до кој кога езерото е полно може да се дојде само со чамец а летно време кога е празно може по копнен пат. Карактеристично за Думановскиот крак е што има потопено многу куќи, и една црква која сè уште може да се види кога водостојот опаѓа.

Реката Липковка е десна притока на река Кумановка, која е десна притока на Пчиња.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „„Липково"“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 801. Text "series " ignored (help)