Сава Ковачевиќ
Сава Ковачевиќ бил револуционерен учесник на Народноослободителната војна на Југославија и народен херој на Југославија[1]. Бил кмандант на 3 ударна дивизија, која имала клучна улога за пробој и спасување на ранетите борци во тек на Битка на Сутјеска во јуни 1943 година.
Сава Ковачевиќ | ||
Роден | 25 јануари 1905 Нудо, кај Никшиќ | |
---|---|---|
Починал | 13 јуни 1943 Врбница, Битка на Сутјеска | |
Занимање | револуционер |
Животопис
уредиРоден е во селото (Нудо, кај Никшиќ, на 25 јануари 1905, одраснал во родното село каде што се занимавал со земјоделие. Во младоста работел како шумар, а потоа некое време во рудникот Трепча, па потоа во пелатница во Белград. Со комунистичкото движење се запознал многу рано преку својот брат Никола Ковачевиќ, а во комунистичкото движење активно стапил во 1925 година.
Поради револуционерната работа повеќе пати бил апсен и прогонуван од полицијата, а двапати бил изведуван пред Државниот суд за заштита на државата. Пред почеток на Втората светска војна бил ангажиран за создавање партиски организации меѓу припадниците на југословенската војска во Требиње и Билеќа.
Во тек на Народноослободитекната борба на народите на Југославија, на 13 јуни 1943 година, заедно со Сава загинал и татко му Благоја, братот Јанко и четиринаесетогодишниот братанец Драган, кој бил курир на Сава.
Учество во Втората светска војна
уредиОд јули месец 1941 година бил еден од организаторите на востанието во никшиќкиот регион Црна Гора, а од есента истата кодина и командант на Никшиќкиот партизански одред со кој дејствувал во подрачјето на Црна Гора, Босна и територии околу Дубровник[2]. На почеток на 1942 година бил назначен за командант на Привремениот оперативен штаб за Херцеговина, а во април за заменик командант на Главни штаб НОВ и ПО на Црна Гора во месец јуни бил назначен за командант на Петтата пролетерска црногорска ударна бригада со која учествувал во борби против усташи, четници и италијанска војска на територија на Херцеговини и централна Босна. Со истата бригада учествувал во легендарната Битка на Неретва, на почеток на 1943 година. Бригадата на Сава учествувала во борби кај Прозор, борба против тенковите на Острошец, ослободување на Коњиц, Невесиње, а имала и огромен значај во борбите за ранетите и општиот успех во одбраната во таа офанзива.
Битката на Сутјеска и херојската смрт
уредиПо Битката на во Четвртата непријателска офанзива на Неретва бригадата водела тешки борби на левиот брег на Неретва за ослободување на Планој, Јаворак и Биоч. Сава командувал со напад во правец на Никшиќ и Шавник, на Комарница и на Дурмитор. Со овие борби напредувањето на многу посилни окупаторски сили на Третиот рајх било успорувано.
Во епската Битка на Сутјеска[3], во јуни 1943 година, бил именуван за командант на прочуената Трета ударна дивизија. Дивизијата на Сава тогаш добила најтешка задача, да биде заштита на Главната оперативна група на НОВЈ, да ја штити Централната болница на и изврши пробој од непријателското окружување. Дивизијата се борела десет дена со речи си дваесетпати поброен непријател, правејќи натчовечни напори да ги заштитат ранетите и да извршат пробој. Во тешките борби на 11 јуни и 12 јуни на Вучево, под Маглиќ, на десниот брег на реката Сутјеска, биле одбиени силни удари на непријателите, била спасена болницата и направен обид да се направи мостобран на левиот брег на Сутјеска. На 13 јуни, главните сили на дивизијата тргнале во општ напад на левиот брег на реката. Дивизијата успеала да го потисне непријателот, но не и да го скрши нивниот отпор на Кошаре, на стрмините на Озрен, во критичниот миг Сава одлучил да се изврши напад со јуриш. Со придружната чета и група курири избил во првиот стрелачки строј, наредил јуриш и пукајќи од пушкомитралез тргнал напред, но бил покосен од непријателските куршуми.
Народни херој
уредиСо одлука на Врховнипт штаб на НОВЈ, на 6 јули 1943 године, бил прогласен за Народен херој на Југославија, исто така бил одликуван со Орден Кутузов од страна на Врховниот совет на Советскиот Сојуз[4]. Во негова чест биле кренати споменици, именувани училишта и улици во многу градови на Југославија. Во негова чест се напишани и стихови „Шта то хучи Сутјеска“, кои ги напишал Пуниша Перовиќ, но поради популарноста песната е позната и како „Сава Ковачевиќ“ и неретко се смета за народна песна.
Наводи
уреди- ↑ Војна енциклопедија том IV. Београд. 1972.
- ↑ Ђурашковић, Ђуро; Прњат, Бранко (1961). Командант Сава. Београд: Народна књига.
- ↑ Матовић, Иво (1973). Сава Ковачевић — црвено знамење Сутјеске. Горњи Милановац: Дечје новине.
- ↑ Зборник докумената и података о народноослободилачком рату југословенских народа, том II, књига I — Билтен Врховног штаба Народноослободилачке војске Југославије 1941—1945. Београд: Војно-историјски институт Југословенске армије. 1949.