Дурмитор

планински масив и национален парк во Црна Гора

Дурмиторпланински масив и национален парк во северозападна Црна Гора. Највисок врв е Боботов Кук (2.522 м).

Национален парк Дурмитор
светско наследство на УНЕСКО
Поглед на Боботов Кук — највисокиот врв на Дурмитор
Критериумприродно: vii, viii, x
Навод100
Запис1980 (4-то заседание)
Дополнувања2005
Дурмитор во рамките на Црна Гора
Дурмитор
Местоположба на Дурмитор во Црна Гора
Големото Црно Езеро на Дурмитор

Масивот се граничи со кањонот на Тара на север, кањонот на Пива на запад и кањонот на Комарница на југ. На исток се протега висорамнината Језерска Површ, на надморска височина од 1.500 м. Источно од висорамнината се наоѓа планината Сињаевина. Речиси сиот Дурмитор влегува во состав на Општина Жабљак.

Има 48 врва над 2.000 м. Највисок е Боботов Кук, со 2.522 м. По масивот и висорамнината Језерска Површ се расположени 18 леднички езера наречени „горски очи“. Најголемо од нив е Црното Езеро, поделено на Големо и Мало Црно Езеро.

Потекло на поимот

уреди

Името „Дурмитор“ веројатно е од источнороманско (можеби влашко) потекло, и значи „заспан“.[1]

Национален парк

уреди

Националниот парк Дурмитор е создаден во 1952 г. и зафаќа површина од 390 км2. Го опфаќа Дурмитор заедно со кањоните на Тара, Сушица и Драга, како и повисоките делови од Комарница. Во 1980 г. е прогласен за светско наследство на УНЕСКО. Со должина од 80 км и длабочина од 1.300 м, кањонот на реката Тара во НП Дурмитор е еден од најголемите во светот.

Туризам

уреди

Дурмитор е центар на планинскиот туризам во земјата, а главните капацитети се наоѓаат во гратчето Жабљак.

Во зима, најзастапени активности се скијање и скијање на даска, а на лето тоа се планинарството, алпинизмот. Особено популарно е Црното Езеро.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Room Adrian (2004) "Placenames of the World: Origins and Meanings of the Names for Over 5000 Natural Features" ISBN 0-7864-1814-1 стр. 112

Надворешни врски

уреди