Озрен
Озрен – планина на север на Босна и Херцеговина, во појасот на ниските планини. Сместена е меѓу реката Босна на запад и реката Спреча на север. На југ се протега покрај реката Криваја и се спојува со планината Коњух, додека источните падини се спуштаат на Модрачкото Езеро. Географските простор на Озрен е поделен меѓу ентитетите Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина.[1]
Озрен | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 918 |
Координати | 44°35′25″N 18°16′57″E / 44.5904° СГШ; 18.2825° ИГД |
Географија | |
Делот од планината кој се наоѓа во Република Српска се наоѓа на подрачјето на градот Добој и општината Петрово, а делот во федерацијата на подрачјето на општините Маглај, Завидовиќи, Лукавац и Грачаница (Тузлански Кантон)Грачаница.[1] Највисокиот врв се наоѓа во општината Петрово, во Република Српска.[2]
Име
уредиСпоред легендата босанската кралица Катарина Косача Котроманиќ кога се качила на врвот на Озрен, одушевена од крајоликот, рекла: „Мили Боже, колку убави обазарја“. Така од зборот „обазарје“ која има исто значење како и озарен, се формирало името Озрен.[1]
Врвови
уреди- Највисокиот врв е Велика Остравица (918 м), општина Петрово.[2]
- Кралица (883 м), општина Петрово.[2]
- Мала Остравица (853 м), општина Петрово.[2]
Кралица
уредиНа врвот на Кралица се наоѓа споменик посветен на погинатите војници на Република Српска кои настрадале на 7 септември 1995 година за време на бомбардирањето на НАТО на Република Српска.[3][4]
Манастир Озрен
уредиПланината Озрен е позната по манастирот на Српската православна црква посветен на Свети Никола, кој се нарекува и манастир Озрен.
Озренски маратон
уредиОпштината Петрово секоја година го организира Озренскиот планинарски маратон чиј медиумски покровител е Радио телевизија на Република Српска.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Dobro došli“. http://www.ozren.org/. Ozren Outdoor. Надворешна врска во
|work=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Оперативни план заштите и спашавања од пожара у Општини Петрово“ (српски). Општина Петрово. април 2011.[мртва врска]
- ↑ „Сјећање на жртве NATO бомбардовања“ (српски). Глас Српске. 7 септември 2011. Посетено на 8 септември 2011.[мртва врска]
- ↑ „Парастос на Краљици“ (српски). Радио-телевизија Републике Српске. 7 септември 2011.
- ↑ „Озренски планинарски маратон, 2012“ (српски). Радио-телевизија Републике Српске. 9 јуни 2012.
Надворешни врски
уреди„Озрен“ на Ризницата ? |
Озрен на отворено (англиски)