Дервенска Клисура

(Пренасочено од Жеденска Клисура)

Дервенска Клисураклисура покрај реката Вардар. Се протега од утоката на Беловишка Река до селото Рашче во должина од 21,5 км. Всечена е во тријаските варовници на Жеден од десната страна и Градиште и Долги Рид од левата страна на Вардар. Ги поврзува Полошката Котлина на северозапад и Скопската Котлина на југоисток[1]. Во клисурата постојат три теснини и две ерозивни проширувања. Во првото проширување се селата Дворце и Долно Орашје, а во второто селото Радуша и рудничката колонија. Преку клисурата води железничка пруга од нормален колосек изградена во 1952 година.[2]

Поглед на северната падина на планината Жеден во Дервенската Клисура

Наводи

уреди
  1. д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија. Скопје, 2008, стр. 10.
  2. Marković, Jovan Đ (1968). Fizička geografija Jugoslavije (српскохрватски) (2. изд.). Naučna knjiga.