Родина Македонија

Родина Македонија (скратено РОДИНА) — политичка партија во Република Македонија. Партијата е формирана на 30 март 2020 година во Скопје. Претседавач на претседателството е Зоран Јованчев.

Родина Македонија
Основана30 март 2020[1]
ШтабСкопје, Република Македонија
МладинаМлади за Родина
ИдеологијаМакедонски национализам
Конзерватизам
Антикомунизам
Антифашизам
Анти-НАТО
Анти-ЕУ
Панславизам
Бои     црвена      жолта
Собрание
0 / 120
Општини
0 / 80
Мрежно место
www.rodina.org.mk
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Создавање уреди

Родина Македонија се создава како реакција и алтернатива на предавничките политики на двете најголеми партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Сметајќи дека Македонија оди во погрешна насока уште од самото осамостојување, тие за прв пат од која било друга политичка партија претходно, нудат алтернатива во БРИКС и ЕАЕС, притоа пркосејќи и со ставовите дека се против НАТО и Европската Унија.

Основни цели уреди

Како основни цели на Родина Македонија се издвојуваат:

  • Враќање на името Македонија
  • Враќање на шеснаесет зрачното сонце за официјална употреба
  • Не во НАТО и не во ЕУ
  • Влез во БРИКС, ЕАЕС, ШОС, Пат на свилата
  • Заштита на децата од трансродови и сексистички идеологии
  • Повеќедетно семејство
  • Заштитена природа и неотуѓивост на нејзините ресурси
  • Македонија да прави стратешки, економски и безбедносни сојузи само во свој интерес

Органи на Родина уреди

-собрание;

-централен одбор;

-претседателство;

-совет за Родина;

-генерален секретаријат;

-општински одбори;

-задгранични одбори.

Собрание уреди

Собранието е највисок орган на Родина.

Собранието:

-ги донесува и менува статутот и програмата на партијата;

-ги избира членовите на претседателството на партијата;

-разгледува прашања од општ интерес за партијата;

-ги утврдува основните насоки и ставови за делување на органите и на партијата во целина;

-усвојува извештаи за работа на органите и телата на партијата;

-донесува деловник за работа и

-врши и други работи од интерес и значење за партијата.

Централен одбор уреди

Централниот одбор е највисок политички и раководен орган на Родина помеѓу две собранија.

Централниот одбор:

-раководи со партијата меѓу две собранија;

-се грижи за спроведување на одлуките на собранието и на другите органи и тела на партијата;

-дава политички оценки и креира партиски ставови по разни прашања од општествено-политичките, економските и другите случувања;

-утврдува кандидат за Претседател на Републиката, кандидати за пратеници, кандидати за градоначалници и членови на советите на општините и Град Скопје;

-утврдува предлог на статут или за изменување и дополнување на статутот, врз основа на иницијативи од претседателството, основните помошни органи и тела, општинските одбори, советот за Родина и/или поединци – членови на партијата ;

-донесува одлуки за внатрепартиски избори;

-ја следи работата на носителите на јавните функции од редот на Родина;

-донесува финансиски документи во врска со работењето на партијата;

-формира комисии, работни тела и други органи од значење за работата на Одборот;

-донесува одлука за коалицирање или прекин на коалицирањето, на предлог на претседателството;

-донесува акти за реализирање на својата активност;

-врши и други работи од значење за работата на партијата.

Претседателство уреди

Претседателството е политичко – извршен орган на партијата.

Претседателството:

-утврдува предлози на акти кои ги донесува централниот одбор;

-ги спроведува актите кои ги донеле собранието или централниот одбор;

-ги следи актуелните општествено-политички и економски случувања, расправа во врска со нив, зазема став по истите и во врска со тоа предлага иницијативи и мерки до централниот одбор, а по потреба и до собранието;

-се грижи за организационата мрежа на партијата и презема мерки за унапредување на истата;

-на предлог на претседавачот на претседателството избира генерален секретар на партијата;

-донесува одлука за исклучување и одговорност на партиските членови;

-донесува одлуки за основање и распуштање на општинските одбори и задграничните комитети;

-донесува одлуки за промена на претседавачи и одговорни лица во општинските одбори;

-се грижи за материјално-финансиското работење на партијата;

-определува лице задолжено за материјално – финансиско работење на партијата;

-одлучува за набавка на движни и недвижни ствари за потребите на партијата;

-основа и укинува помошни органи, тела, комисии, одбори и работни групи за потребите на партиските активности;

-дава предлози до собранието и централниот одбор за преземање одредени мерки и активности;

-одлучува за тековни активности од значење и интерес за партијата;

-врши и други работи и задачи кои се во функција на извршување на партиските ставови, одлуки и заклучоци.

Членови на претседателството: уреди

  1. Зоран Јованчев-претседавач
  2. Томе Ширков-заменик претседавач
  3. Коста Јовчевски Корчагин-член
  4. Гордана Гоџо-член
  5. Зоран Тапчановски-член
  6. Александар Стефановски-член
  7. Никола Чоневски-член

Совет за Родина уреди

Советот за Родина е орган на партијата кој има советодавна, надзорна и иницијативна функција, чија основна функција е зачувување на изворните принципи на програмските определби заради кои е основана партијата.

Член на советот за Родина може да биде лице кое:

-учествувало во првичните активности на создавање, профилирање и дефинирање на идеолошката ориентација, програмата и целите врз кои се темели партиско – политичката активност на Родина Македонија, пред нејзиното формално основање;

-е веќе докажано во својата партиско – политичка активност и кое покажало континуитет и доследност кон основните програмски цели;

-во ниту еден момент не оставило сомнеж за неговите искрени и чесни намери во врска со делувањето на Родина Македонија;

-давало во континуитет значајни резултати во реализација на програмските цели;

-е континуирано присутно на работните состаноци и активности на Родина Македонија и

-е посветено на основните идеолошки и програмски цели на Родина Македонија.

Млади за Родина уреди

Млади за Родина е младински огранок на Родина Македонија, а е формиран во 2023 година. Целите на подмладокот на Родина е промовирање на патриотизмот кај младите македонци и развивање на чувството на солидарност од еден македонец кон друг. Покрај тоа Млади за Родина ја промовира идејата за новиот мултиполарен свет кај младите и ги едуцира за положбата и значењето на Македонија во истиот.

Локални избори 2021 година уреди

Родина Македонија учествуваше на Локалните избори 2021 година со свои кандидати за градоначалник на Град Скопје, Општина Центар и Општина Берово и со свои советнички листи за Град Скопје и во општините: Аеродром, Центар, Кисела Вода, Гази Баба, Карпош, Бутел, Конче и Македонски Брод.

Кандидати за градоначалник уреди

  1. Град Скопје - Владимир Трајковски
  2. Општина Центар - Силва Јовановска
  3. Општина Берово - Горанчо Костевски

Кандидатски листи за членови во советот уреди

  1. Град Скопје, носител на листа - Томче Ширков
  2. Општина Центар, носител на листа - Софија Ачкоска
  3. Општина Аеродром, носител - Елизабета Чингарова Матевска
  4. Општина Кисела Вода - Елена Чоневска
  5. Општина Гази Баба - Добринка Накева
  6. Општина Карпош - Теона Трајковска
  7. Општина Бутел - Никола Чоневски
  8. Општина Конче - Васка Ристова
  9. Општина Македонски Брод - Тони Радески

Надворешни врски уреди

Статут на партијата

Поврзано уреди

Политички партии во Македонија

  1. [1]