Роберт Пен Ворен ( 1905 - 16 септември 1989) — американски поет, романописец и литературен критичар и бил еден од основачите на Новата критика. Тој исто така бил и почесен член на Друштвото на писатели од Југот. Тој ја добил Пулицеровата награда за проза во 1947 за неговиот роман Сите луѓе на кралот (1946) и Пулицеровата награда за поезија во 1958 и 1979. Тој е единствената личност која освоила Пулицерови награди и за проза и за поезија.

Роберт Пен Ворен
ЗанимањеПоет, романописец
НационалностСАД
Апсолвент наВендербилт Универзитет
Универзитет на Калифорнија во Беркли
Универзитет Оксфорд
Универзитет Јејл
Значајни наградиПулицерова награда

Животопис

уреди

Рани години

уреди

Ворен е роден во Гатри, Кентаки, на родителите Роберт Ворен и Ана Пен. Семејството на мајката на Ворен имало потекло од Вирџинија давајќи го нивното име на заедницата од Пеновата продавница во областа Патрик, Вирџинја. Роберт Пен Ворен матурирал во средното училиште во Кларксвил, Тенеси, дипломирал на Вендербилт универзитетот во 1925 и Универзитетот на Калифорнија, Беркли, во 1926. Ворен подоцна бил на Универзитетот Јејл и се стекнал со диплома за литература како Родосов стипендист од Њу Колеџ, Оксфорд во Англија во 1930. Тој исто така добил и Гугенхајмова стипендија да студира во Италија за време на владеењето на Бенито Мусолини. Истата година тој ја започнал неговата професорска кариера во Саутвестерн Колеџ (сега Родос Колеџ) во Мемфис, Тенеси.

Кариера

уреди

Додека сè уште бил студент на Вендербилт, Ворен се здружил со групата поети таму познати како Бегалците, а нешто подоцна, за време на раните триесетти, Ворен и некои од истите писатели формирале група позната како Јужните земјоделци. Тој ја приложил „Трновата бавча“ кон манифестот на земјоделците „Ќе заземам свој став” заедно со 11 други јужни писатели и поети (вклучувајќи ги колегите од Вендербилт поети/критичари Џон Кру Ренсом, Ален Тејт и Доналд Дејвидсон). Во „Трновата бавча“ младиот Ворен ја брани расната поделба во согласност со традиционалните конзервативни политички наклонетости на земјоделската група, иако Дејвидсон ги сметал Вореновите гледишта во есејот толку напредни што тој се залагал за исклучување на есејот од збирката. Меѓутоа Ворен се откажува од овие гледишта во 1950 со пишување на статија во магазинот ''Лајф'' за Движењето за граѓански права и прифатил имиџ на поддржувач на расната интеграција. Тој исто така ја издал Кој зборува за црнецот, збирка интервјуа со водачите на црнците за граѓански права вклучувајќи ги Малколм Икс и Мартин Лутер Кинг во 1965, понатаму развојувајќи се според своите политички склоности од поконзервативните филозофии карактеристични за колегите Земјоделци како Тејт, Клинт Брукс и особено Дејвидсон. Вореновите интервјуа со водачите за граѓански права се во Луј Б. Нан Центарот за усна историја на Универзитетот Кентаки.

Ворен работел како советник за поезија во Библиотеката на конгресот, поет лауреат, 1944-1945 и ја добил Пулицеровата награда во 1947 за неговото најпознато дело, романот Сите луѓе на кралот чиј главен лик Вили Старк наликува на радикалниот популистички гувернер од Луизијана, Хјуи Пирс Лонг (1893-1935) кого Ворен бил во можност да го набљудува одблиску додека предавал на Државниот универзитет на Луизијана во Батон Руж од 1933-42. Ворен ги добил Пулицеровите награди за поезија во 1958 за Ветувања: Песни 1954-1956 и во 1979 за Сега и тогаш. Тој е единствениот писател што освоил Пулицерова награда и за проза и за поезија. Сите луѓе на кралот, со Бродерик Крафорд во главна улога, станал многу успешен филм освојувајќи Оскар за најдобар филм во 1949. Во 2006 е направен филм од писателот-режисер Стивен Зелијан со Шон Пен како Вили Старк и Џуд Ло како Џек Барден во главни улоги. Операта Вили Старк од Карлајл Флојд, по негово либрето засновано на романот, била премиерно изведена во 1981.

Во 1974, Националната дотација за општествени науки го избрала Ворен за Џеферсоновото предавање, највисокото признание на федералната влада на САД за достигнување во општествените науки. Предавањето на Ворен било насловено „Поезија и демократија“ (подоцна издадено под насловот Демократија и поезија). Во 1980, на Ворен му бил врачен Претседателскиот медал за слобода од претседателот Џими Картер. Во 1981, Ворен бил избран за добитник на наградата Мек Артур, а подоцна бил наречен првиот американски Поет лауреат советник за поезија, на 26 февруари 1986. Во 1987, го добил Националниот медал за уметности.

Ворен бил соавтор, со Клинт Брукс, на Разбирање на поезијата, влијателен учебник по литература (по кој следеле други слични соавторски учебници Разбирање на прозата, што било пофалено од јужно-готската и римокатоличка писателка Фланери О’Конор и Модерната реторика напишана со приодот Нова критика).

Личен живот

уреди

Ворен се оженил со Ема Бреша во 1930, а се развеле во 1951. Неговиот втор брак бил во 1952 со Еленор Кларк, со која имал две деца, Розана Фелпс Ворен (родена 1953) и Габриел Пен Ворен (роден 1955). Во подоцнежните години од неговиот живот живеел во Ферфилд, Конектикат и Стратон, Вермонт каде што починал од компликации од карцином на коските.

Наследство

уреди

Во април 2005 поштенската служба на САД издала комеморативна марка за одбележување на 100 годишнината од раѓањето на Пен Ворен. Претставена во поштата во неговиот роден Гатри, таа го прикажува авторот како што се појавил на една фотографија од 1948, во позадина со сцена од политички собир, дизајнирана да го прикаже амбиентот од Сите луѓе на кралот. Неговите син и ќерка, Габриел и Розана Ворен, биле во публиката.

Дела

уреди
  • Разбирање на поезијата (1938), учебник, со Клинт Брукс
  • Ноќен јавач (роман) (1939)
  • На небесната порта (1943)
  • Разбирање на прозата (1943), со Клинт Брукс
  • Сите луѓе на кралот (1946)
  • Ветувања: Песни (1954 – 1956)
  • Сретни ме во зелената долина (1971)
  • Сега и тогаш
  • Џон Браун: Создавањето на маченик
  • Триесет и шест песни
  • Единаесет песни на истата тема
  • Одбрани песни, 1923 – 1943
  • Зима на капините
  • Циркусот на таванот (1968) (збирка раскази)
  • Доволно свет и време (1950)
  • Брат на змејовите: приказна во стихови и гласови (1953)
  • Група ангели (1955)
  • Сегрегација: внатрешниот конфликт на југот
  • Одбрани есеи
  • Пештерата (1959)
  • Запамтете го Аламо! (1958)
  • Вие, имератори и други: Песни 1957 – 1960
  • Наследството од граѓанската војна
  • Дивина: приказна за граѓанската војна (1961)
  • Поплава: една романса од нашето време (1964)
  • Кој зборува за црнецот? (1965)
  • Одбрани песни: ново и старо 1923 – 1926
  • Инкарнации: Песни 1966 – 1968
  • Божиќен подарок 1937
  • Демократија и поезија (1975)
  • Место до кое треба да се дојде (1977) (последен роман)
  • Брат на змејовите: приказна во стихови и гласови – нова верзија (1979)
  • Џеферсон Дејвис го добива назад своето државјанство (1980)
  • Потврдена гласина: Песни 1979 – 1980 (1981)

Наводи

уреди
  • Encyclopedia of Kentucky. New York, New York: Somerset Publishers. 1987. стр. 188–189. ISBN 0403099811.
  • List of Presidential Medal of Freedom recipients -- Literature

Дополнителна литература

уреди

Надворешни врски

уреди