Договорите од Рим претставуваат два договори кои биле потпишани на 25 март 1957 година во Рим. Потписници на оваа историска спогодба биле Кристијан Пино од Франција, Јозеф Лунс од Холандија, Пол Хенри Спак од Белгија, Јозеф Бек од Луксембург, Антонио Сењи од Италија и Конрад Аденауер од Западна Германија. Од првиот договор била создадена Европска Економска Заедница|Европската Економска Заедница, а од вториот Европска заедница за атомска енергија|Европската заедница за атомска енергија.

Договорот од Рим
Договор за функционирање на Европската унија
{{{image_alt}}}
Потпишан25 март 1957
МестоРим, Италија
На сила од1 јануари 1958
Потписници"The Six":
Франција
Западна германија
Italy
Белгија
Холандија
Луксембург
Целосен текст
[[wikisource:Договор за основање на Европска економска заедница|Договор за основање на Европска економска заедница]] на Викиизвор

Договорот бил ратификуван од националните парламенти во текот на наредните неколку месеци, а стапил во сила на 1 јануари 1958 година. Договорот со кој се оформила ЕЕЗ, во својата преамбула потврдила дека земјите потписнички, се решени да ги постават основите на уште позближена унија меѓу народите на Европа. На овој начин, земјите-членки јасно ја потвдиле политичката цел за прогресивна политичка интеграција. Всушност, со овој договор била создадена царинска унија, па затоа, ЕЕЗ била замислена како заеднички пазар. Притоа, бил договорен дванаесетгодишен транзиционен период за целосно царинско разграничување меѓу земјите-членки. Во поглед на економскиот успех со воведувањето на слободната трговска размена, транзициониот период бил скратен, и во јули 1968 година, сите царини меѓу земјите на ЕЕЗ биле суспендирани. Истовремено, заеднички царини биле воведени за сите производи што доаѓале од трети земји.

Заедничкиот пазар означувал исклучиво слободна циркулација на добра. Слободното движење на лица, капитал и услуги и натаму се соочуваше со важни ограничувања. Било потребно да се почека до донесувањето на Единствениот европски акт во 1987 година, па да се даде дефинитивен импулс за воведување на вистински обединет пазар. Овој импулс го донесе и Договорот за европската унија во 1992 година. Друга значајна спогодба што била вклучена во Договорите од Рим било прифаќањето на заедничка земјоделска политика (ЗЗП). Со тоа, ЗЗП овозможил слободен пазар на земјоделски производи внатре во ЕЕЗ и воведување на одбранбена политика којашто им гарантираше на европските земјоделци доволно приходи спречувајќи го натпреварувањето со производите од третите земји.

Договорите од Рим биле претставени како победа на еден многу реалистичен и постепен пристап кон изградбата на ЕУ. Овој метод бил претставен од Жан Моне. Поради огромните пречки кои ѝ се заканувале на целосната и непосредна конструкција на политичката унија и пречките што го покажаа неуспехот на Европската одбранбена заедница, новата стратегија барала интегративен процес којшто постепено ќе вклучува различни економски сектори и ќе оформи супранационални институции со растечки политички компетенции. ЕЕЗ е родена врз основа на неколку институции: Европска комисија (ЕК), Европското собрание (подоцна наречено Европски парламент - ЕП), Судот на правдата и Економскиот и социјален комитет, чиишто компетенции биле зголемени и изменети преку различки спогодби и договори што биле донесени со Римските договори. Сумирано, од тој ден започчнал процесот во кој прогресивната економска интеграција го поплочил патот кон крајната цел, политичка унија, гледана како долгорочен дострел.

Договорот што ја институционализира ЕУРАТОМ се обиде да создаде услови за развој на силна јадрена индустрија.