Рефет Елмази
Рефет Елмази (албански: Refet Elmazi; Теново, Тетовско, 5 септември 1959) — македонски политичар, висок функционер на ДПА, поранешен заменик министер за внатрешни работи и функционер во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање. Нарекуван е човекот за валканите игри на Тачи[1].
Животопис
уредиЕлмази е роден на 5 септември 1959 година во село Теново, Општина Брвеница, Тетово. Дипломирал на 19 февруари 1984 година Факултетот за одбрана на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1984 до 1998 година работи како професор во средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, во Тетово, а од 1998 па до 2000 година бил заменик-министер во Министерството за одбрана на Македонија. Од 2000 до 2002 година во Владата на Љубчо Георгиевски бил заменик-министер во МВР, за повторно од 21 септември 2006 да ја врши устата функција сè до почетокот на 2008 кога поднел неоптповиклива оставка[2]. На Елмази му се препишува заслуга за обезбедувањето на податоци за полициската акција во селото Бродец[3]. Високите функции на Елмази поминуваат со инциденти и контроверзии во кои меѓународната заедница го посочува за директна вмешаност во изборни насилства и инциденти[4]. На крајот од 2009 година Елмази се повлекува од функцијата како член на претседателството на ДПА и поднесува оставка[5].
Наводи
уреди- ↑ Станковиќ, Синиша (24 јуни 2008). „Кој е Рефат Елмази“. Глобус Магазин. Посетено на 2010-01-05.[мртва врска]
- ↑ Дулови, Лирим (2 јануари 2008). „Рефет Елмази поднесе оставка“. А1. Посетено на 2010-01-05.
- ↑ Стојчев, Кокан (18 јануари 2008). „ЕЛМАЗИ БЕШЕ И СÈ УШТЕ Е "ДОБРА МУСТРА" НА ТАЧИ“ (PDF). Македонско Сонце. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-05-16. Посетено на 2010-01-05.
- ↑ Дувњак, Гордана (18 јуни 2008). „Собранискиот тепач Елмази финишираше со насилство на изборите“. Утрински Весник. Посетено на 2010-01-05.
- ↑ „Оставка на членот на претседателството на ДПА, Рефет Елмази“. Алсат. 31 декември 2009. Архивирано од изворникот на 2010-01-05. Посетено на 2010-01-05.