Рајнфелд (Холштајн)
Рајнфелд (германски: Reinfeld) — град во округот Штормарн, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа близу реката Траве, околу 8 километри источно од Бад Олдесло и 14 километри западно од Либек. Припаѓа на метрополитенската област Хамбург. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Северен Штормарн, иако самиот град не припаѓа на заедницата.
Рајнфелд | |
Воздушен поглед на Рајнфелд | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Штормарн |
Градоначалник | Герхард Хорн |
Владејачка партија | ДХС |
Основни податоци | |
Површина | 17,36 км2 |
Надм. височина | 19 м |
Население | 9.110 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 525 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OD |
Пошт. бр. | 23854–23858 |
Повик. бр. | 04533 |
Портал | www.reinfeld.de |
Местоположба на градот Рајнфелд во рамките на округот Штормарн | |
Координати | 53°50′0″N 10°29′0″E / 53.83333° СГШ; 10.48333° ИГД |
Историја
уредиВо 1186 година, монасите од цистерцијанскиот манастир Локум основала манастир во Рајневелде, близу каде потокот Хајлзау се влева во реката Траве. Монасите создале околу 60 езерца во кои одгледувале риби за деновите кога се постело. Манастирот се развивал до почетокот на реформацијата. Јохан III, гроф на Холштајн-Плен, се верува дека е погребан во манастирот во 1359 година помеѓу другите благородници. Во 1582 година бил затворен од војводите на Плен и повеќе градби освен црквата биле урнати. Замок со четири крила бил изграден во периодот 1599-1604 од истиот материјал. Кога линијата Плен изумрела во 1761 година, војводството Плен вклучувајќи го и Рајнфелд и замокот потпаднале под кралот Фредерик V на Данска. Замокот бил сметан за бескорисен и бил урнат во 1775 година, старите тули биле повторно употребени за нова помала градба. Во 1635 година, браната на потокот Херентајх била оштетена и старата манастирска црква била поплавена и морала да биде срушена. Нова црква била изградена следната година на соседниот рид наречен „Ајхберг“.
Данците владееле со Рајнфелд од 1762 до 1864 година. По краткиот период под австриска власт како последица на Втората шлезвишка војна, Холштајн заедно со Шлезвиг станал покраина на Прусија во 1866 година. Рајнфелд бил прогласен за град во 1926 година.
Грб
уредиГрбот е поделен на две половина, горната половина е на црвена позадина со жолта свештеничка патерица и два страка пченица со класот свртени дијагонално. Долната половина е на сина позадина со сребрен крап кој плива на лево.
Меѓународни односи
уредиРајнфелд е збратимен со следниве градови:
- Сен Приве Сен Мемен, Франција, од 1996 г.
- Нојбуков, Мекленбург-Западна Померанија, Германија
- Калиска, Полска
Сообраќај
уредиРајнфелд има железничка станица на линијата помеѓу Хамбург и Либек. Линијата била отворена во 1865 година од страна на железничкото друштво Либек-Бихен, додека првобитната железничка станица сè уште постои. До 2007 година линијата била електрифицирана, како еден од последницата делови на „Птичјата линија“ (Vogelfluglinie). Во близина на градот е сојузниот автопат Б75, кој ги поврзува Хамбург и Либек. Автопатот А1 поминува источно од Рајнфелд, а градот има свој излез.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Рајнфелд (Холштајн) на Ризницата ?
- Официјална страница