Бад Олдесло (германски: Bad Oldesloe) — град и во јужниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот претставува административен центар на округот Штормарн. Воедно, градот е и административно седиште на општинската заедница Бад Олдесло-Ланд, иако самиот град не е дел од заедница.

Бад Олдесло
Старото Градско собрание на Бад Олдесло
Старото Градско собрание на Бад Олдесло
Старото Градско собрание на Бад Олдесло
Грб на Бад Олдесло
Бад Олдесло во рамките на Германија
Бад Олдесло
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Штормарн
Градоначалник Тасило фон Бари
Основни податоци
Површина 52,60 км2
Надм. височина 9 м
Население 24.784 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 471 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OD
Пошт. бр. 23831–23843
Повик. бр. 04531
Портал www.badoldesloe.eu
Местоположба на градот Бад Олдесло во рамките на округот Штормарн
Карта
Карта
Координати 53°48′42″N 10°22′27″E / 53.81167° СГШ; 10.37417° ИГД / 53.81167; 10.37417

Историја уреди

Областа била населена уште од мезолитот. Пронајдените кремени алатки од тоа време (6000 - 4500 п.н.е.) се јасен доказ за постоењето на животот на овие простори. Неколку години во текот на XVIII век Моравската црква имала свој огранок во Бад Олдесло. Бил наречен „Пилгеру“. Престанал со работа поради проблемите со данските црковни власти. Во тоа време, Војводството Холштајн било владеено од данскиот крал во рамките на Светото Римско Царство.

Градби уреди

Куќа од XVI век: Споменик за Мено Симонс, основач на Менонитите, група на анабаптисти. Некои од неговите дела биле испечатени во оваа градба.

Меѓународни односи уреди

Бад Олдесло е збратимен со следниве градови:

Наводи уреди

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски уреди